fbpx
Таг: блокада

таг: блокада

„Шарена револуција“ блокираше неколку крстосници во центарот на Скопје

Граѓани кои протестираат како дел од „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 12 часот блокираа неколку крстосници во Скопје. Крстосниците на „Бит пазар“, кај Црвен крст и пред Соборниот храм беа блокирани од граѓани со знамиња на Република Македонија и неколку возила на кои пишува „#Протестирам“. „Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции...

„Шарената револуција“ во 12 часот ќе блокира крстосници во Скопје

Граѓани кои протестираат како дел од „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 12 часот ќе блокираат неколку крстосници во Скопје. „Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за...

Тетово и Гостивар се гушат во смет поради блокада на патот до депонијата Русино

Тетово и Гостивар се гушат во смет, откако жителите од гостиварските села четири дена го блокираат патот кој води до регионалната депонија Русино, каде повеќе општини од полошкиот регион го депонираа сметот. Во Гостивар контејнерите се преполни со смет, а отпад се трупа и на тротоарите и улиците. - Низ, цел град се шири непријатна миризба, срамота - вели еден гостиварец И...

И денеска само пеш во Грција, продолжува блокадата на граничните премини

Граничните премини „Ники“ кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран и денеска остануваат затворени за сообраќај на сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници. Овие премини, како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, можат да се поминат само пеш. Блокадата која започна во петокот, ќе трае до утре изутрина. „Граничниот премин 'Ники' кај Меџитлија е затворен од...

Нова тужба до грчката влада поради ситуацијата на Идомени

Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Павлос Тоникидис поднесе тужба до локалниот суд адресирана до сите одговорни за ситуацијата на Идомени поради двомесечната блокада на железничката пруга. Тоникидис во тужбата потенцира дека блокадата и нефункционирањето на железничката линија им создава огромна финансиска штета на извозниците, но и општо на сите трговци и бизнисмени од Кукуш. Неделава тужба до сите...

Франција е блокирана поради штрајкот на работниците

Седум француски синдикати повикаа денеска на штрајк поради измените на законот за работа, а меѓу нив се Париската сообраќајна мрежа, Железницата на Франција и возачите на камиони, поради што сообраќајот од раните утрински часови е блокиран, јавуваат француските медиуми. Автобусите во Париз ќе возат со изменет возен ред, а некои метро-станици се затворени. Одредени патни правци се блокирани и поради...

Сточарите од Малешевијата ги блокираа патиштата, бараат итни мерки за болеста кај добитокот

Сточарите од Малешевијата денеска излегоа на протест и ги блокираа патот Берово - Виница и патот Берово Пехчево, кај селата Мачево, односно Смојмирово. Тие бараат од надлежните власти да не се уништуваат грлата добиток заболени од јазлеста кожа и итно да се преземат превентивни мерки. Сточарите што денеска протестираа го изразија револтот од, како што рекоа, непостапувањето на надлежните институции по...

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“. Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци. - Земјиштето го земаат само две фамилии, а немаат ни стока, ни ништо. Се дава под концесија, па тие го изнајмуваат и заработуваат...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари за оризова арпа, како што...

Бегалците се повлекоа од автопатот Солун – Евзони

Автопатот Евзони - Солун е слободен за протек на возила. Стотината бегалци што изутринава го блокираа патот со барање да се отворат границите за да продолжат кон Европа, се повлекоа од блокадата. Набргу потоа полицијата го отвори патот за возила и сега слободно може да се патува и кон Солун и во насоката од Солун кон Евзони. Бегалци кои се сместени и на...

Нов протест на бегалците и блокада на автопатот Евзони – Солун

Автопатот од грчко-македонската граница кон Солун повторно е блокиран од бегалци. Околу стотина лица го блокираат патот во близина на Поликастро од револт од условите во кои живеат во привремените мигрантски кампови и центри во Идомени и во Кукуш. Првата блокада бегалците ја поставија вчера, протестирајќи и кај Поликастро и кај преминот Евзони. Од изутринава повторно блокираат со барање да...

Денеска ќе се осветуваат темелите на крстот во Бутел, ДУИ најави блокади и протести

Полицијата денеска ја зголеми безбедноста во скопската населба Бутел, а специјални полициски сили се распоредени на клучните локации откако симпатизери на ДУИ најавија блокада на локацијата до кружниот тек во населбата, каде за 11 часот е закажано осветување на темелите на најавениот метален крст. Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес. Чинот на осветувањето ќе го изврши...

Граничниот премин кај Дојран ќе биде блокиран до 23 часот

Грчката страна на граничниот премин Дојран ќе биде блокирана за сообраќај до 23 часот, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Бугарските камионџии ги блокираа сите гранични премини со Грција

Бугарските камионџии ги блокираа сите шест контролни пунктови долж границата со Грција, во знак на протест поради повеќенеделните повремени блокади на грчките земјоделци. На граничните премини има долги редици камиони и автомобили, а само на пешаците им е дозволено да ја преминат границата, пренесува АФП. Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата додека грчките земјоделци не ги отстранат сите камиони и не...

Гевгелиските таксисти и денеска два часа ќе ја блокираат границата

И денеска продолжува блокадата од гевгелиските таксисти и од приватните автобуски превозници на граничниот премин Богородица. Блокадата за влез и за излез од земјата почна во 10 часот, а ќе трае до 12 часот. Превозниците сè уште немаат одговор на нивното барање да се вклучат во превозот на бегалците од јужната кон северната граница. ­ „Ни беше ветено од надлежните дека до...

Блокирани граничните премини Меџитлија и Дојран

Сообраќајот при влез и излез од Грција на граничните премини Меџитлија и Дојран е блокиран поради штрајк на грчките земјоделци, соопшти Автомото-сојузот на Македонија. Преминот Меџитлија бил блокиран во 17 часот, а еден час подоцна и преминот Дојран. Според најавите, сообраќајот би требало да се нормализира по 21 часот, до кога е најавено дека ќе трае штрајкот. На другите граничните премини...

Нормализиран сообраќајот на преминот Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Богородица од македонската страна на границата повторно е нормализиран откако заврши протестот на такси-превозниците, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Такси-превозниците и возачите на автобуси веќе неколку дена во период од 10 до 12 часот ја блокираат границата поради тоа што не се вклучени во транспортот на бегалците и на мигрантите од граничниот премин Богородица до преминот...

Блокиран граничниот премин Богородица

Такси-превозници и автобуси утринава во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица. Како што соопштија на Автомото-сојузот на Македонија, поради блокадата, оневозможен е влез и излез од Македонија кон Грција. Граничниот премин Богородица, исто како и претходните денови, ќе биде блокиран до 12 часот. Таксистите и автопревозниците протестираат бидејќи не се вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија до Табановце.

Нови блокади на границите со Грција

Блокадите на грчките патишта и на граничните премини продолжуваат додека грчките земјоделци се подготвуваат со тракторите утре да тргнат кон Атина за, ако што најавуваат, да го окупираат централниот плоштад Синтагма. Грчките земјоделци, според најавите, ќе го затворат преминот кај Богородица од 17 до 21 часот, додека кај Дојран ќе биде блокирано од 12 до 14 и од 19 до...

Грчките земјоделци почнуваат со блокади на неодредено време

Нов сообраќаен кошмар и притисоци врз владата создаваат од денеска грчките земјоделци. Штрајкувачите одлучија да го затворат преминот Темпи кај Лариса на неодредено време. Преминот ќе го затворат денеска напладне, а неизвесно е кога повторно ќе биде отворен. На овој начин Грција симболично е поделена на два дела, а патувањето од северниот дел на Грција до Атина преку споредни патишта се одолжува...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...