fbpx

Кина го блокира „џимеил“

-

Кина и „Гугл“ веќе три години водат битка за достапноста на услугите на најголемата интернет-компанија во азиската земја. Од минатиот викенд на листата недостапни услуги во Кина се приклучи и „џимеил“ . Во петокот е забележано дека е оневозможен пристапот до голем број џимеил-адреси, а имајќи предвид дека услугата и денеска не е нормализирана, се смета дека станува збор за државна блокада.

Од „Гугл“ ги потврдија наводите, додавајќи дека направиле детална проверка и оти проблемот не лежи во нивната услуга, туку во големиот кинески „фајрвол“. Освен на приватните корисници, најновата блокада особено влијае и врз голем број компании кои за комуникација користат „џимеил“.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека не знае ништо за овој случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...