fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто биле непречистени, додека 32,5%...

Меѓународната организација на трудот во Битола реализира прво Локално партнерство за вработување

Меѓународната организација на трудот (МОТ) го реализира првото Локално партнерство за вработување (ЛЕП) во Битола, во рамки на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“. Со финансиска поддршка од 100.000 евра за спроведување на иновативните идеи за креирање работни места, се очекува развој на 40 нови бизнис идеи, финансирање на 8 старт-апи со доделување грантови, и креирање на дополнителни 40 квалитетни...

Патничките возови од утре ќе сообраќаат и за викендите, но со редуциран возен ред

Железници на РСМ-Транспорт од утре, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани. Почнувајќи од утре, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека...

Работниците кои произведуваат „нечиста“ енергија од фосилни горива заслужуваат праведна транзиција во зелени сектори

Македонија во овој момент носи амбициозни климатски политики и е на добар пат да фати чекор со земјите кои се залагаат за зелен економски и енергетски развој. Стратегијата за енергетика, одобрена од Владата на почетокот на оваа година, има три сценарија, од кои во две, земјата до 2025 година целосно ќе го напушти јагленот како енергенс. Иако сѐ уште нема...

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

Foto: Borce Popovski
Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување. Од Железници - Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат...

Герила-акција во Битола: „Oстајте да помини фичото, држете растојание“

Групацијата „Инфо Акција“ спроведе герила-акција во Битола, за да ги потсети битолчани да го одржуваат растојанието од два метра меѓу човек и човек, за да се спречи ширењето на корона-вирусот. Акцијата „Oстајте да помини фичото, не се туркајте, држете растојание“, својата инспирација ја црпи од анегдота од периоди на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога што и да...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

МВР реди кривични пријави за граѓаните кои не ја почитуваат мерката за самоизолација

Петмина битолчани, четворица прилепчани, двајца кумановци и еден охриѓанец добија кривични пријави од МВР за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Станува збор за лица кои за време на пандемија дошле во нашата држава од ризични држави, при што на влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за...

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес,...

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

Автопат Велес - Битола, експресен пат Куманово - Крива Паланка, експресен пат Битола - Меџитлија, експресен пат Струмица - граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни димензии овој пат и...

Додека се чекаат субвенциите за инвертери, објавен огласот за субвенции за печки на пелети

Додека граѓаните ги чекаат повиците на општинските власти од Скопје, Битола, Кичево и Тетово за добивање ваучери од 60.000 денари за набавка на инвертер клима уреди, Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки за греење на пелети. Државата преку оваа мерка ќе издвои околу 480.000 евра за субвенционирање на...

Општините ќе ги делат субвенциите за инвертери во 10.000 домаќинства

Локалните самоуправи во Скопје, Тетово, Кичево и Битола ќе бидат задолжени за делењето на субвенциите за купување на инвертер клими во 10.000 домаќинства во земјава. Владата на вчерашната седница ги усвоила измените во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвоени 12 милиони евра за неколку намени, информираат од владината прес-служба. Наместо средствата да ги распределува...

Манчевски присуствуваше на настанот „Направи робот“, дел од Неделата на кодирање во Битола

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“.  Настанот е во рамки на Неделата на кодирање - Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење“. - Во рамки на овој проект, секоја година се приклучуваат...

Заев на увид во реконструкцијата на патот Битола – Демир Хисар

Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, која треба да заврши во текот на следниот месец денеска извршија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Гледајќи до каде се градежните работи, двајцата во еден момент се качија и на асфалтерката. Министерот Сугарески напомена дека во моментов се асфалтираат последните три километри од патниот...

Половина од кинеските возови се неисправни и четврта година се без технички прием

Не само еден, туку половина од шесте нови кинески гарнитури веќе се неисправни. Оваа информација ја објави вицепремиерот Кочо Анѓушев во вчерашното интервју за телевизија „Сител“. Новите возови веќе четврта година по ред сообраќаат без извршен технички прием, поради тоа што од кинескиот производител се доставени со помалку седишта за патниците од она што било предвидено во тендерската документација...

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Грчката железница засега нема интерес за воведување воз од Битола до Лерин

И покрај тоа што пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница е веќе изградена, на неа во скоро време нема да минуваат патнички возови. Грчкиот железнички оператор - TrainOse не е заинтересиран за воведување пограничен воз меѓу Битола и Лерин. Како што информираат за „Мета“ од Железници на РСМ - Транспорт, на 30 мај во Скопје...

Ќе се гради нов експресен пат од Битола кон Грција за излез на Јонското море

По неколку години поминати во најава, државата конечно се одлучи да почне со проектирање на новиот експресен пат од Битола до македонско - грчката граница. Грција уште пред неколку години го има изградено новиот експресен пат до границата и ги чека македонските власти да го завршат нивниот дел од работата за да профункционира паневропскиот Коридор 10д. Идниот експресен пат...

Бучавата од сообраќајот во Скопје и во Битола е до два пати поголема од дозволеното

Граѓаните од Скопје и Битола се соочуваат со дури два пати поголема бучава од сообраќајот во споредба со дозволените рамки. Покрај тоа што ги остава без сон, преголемата бучава може да предизвика нарушувања на психичката и физичката состојба. Мерењата на бучавата што ги направија од Техничкиот факултет во Битола покажуваат измерени вредности далеку поголеми од законските ограничувања на сите...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...