fbpx

Општините ќе ги делат субвенциите за инвертери во 10.000 домаќинства

-

Локалните самоуправи во Скопје, Тетово, Кичево и Битола ќе бидат задолжени за делењето на субвенциите за купување на инвертер клими во 10.000 домаќинства во земјава. Владата на вчерашната седница ги усвоила измените во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвоени 12 милиони евра за неколку намени, информираат од владината прес-служба.

Наместо средствата да ги распределува Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), општините ќе ги доделуваат субвенциите во висина од околу 10 милиони евра за замена на грејните тела кои користат фосилни горива што го загадуваат воздухот во овие четири градови. Споменатите општини ќе треба да распишат повици за пријавување на домаќинствата за користење на овие субвенции.

Другите средства од овогодинешната програма за намалување на аерозагадувањето ќе се употребат за замена на загадувачките системи во јавните објекти, како и за набавка на опрема за енергетска ефикасност и создавање на нови зелени површини во градовите.

Скопје, Тетово, Кичево и Битола се избрани како четири општини кои имаат најголеми проблеми со аерозагадувањето во моментов. Предност при доделувањето на средствата ќе им се даде на оние домаќинства што имаат месечни примања до 30.000 денари, а се греат на печки на дрва или нафта. Со владиниот проект ќе треба да се опфатат 5.200 домаќинства од Скопје, 2.500 домаќинства од Битола, 1.500 домаќинства од Тетово и 800 домаќинства од Кичево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...