fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

До 2021 година ќе се модернизира патната врска кон Бугарија

Со подобрувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, македонските власти активно работат и на подобрување на патната врска меѓу двете земји. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов го реконструира патот од Ранковце до Крива Паланка, чија должина е 21 километар. Оваа делница од патниот Коридор 8 ќе биде целосно санирана до крајот на годинава, за што се...

Немањето заеднички гранични премини го отежнува работењето на железницата

Македонија и Косово потпишале договор за воведување на заеднички гранични контроли во железничкиот сообраќај уште во 2011 година, но до денешен ден не е изградена заедничката зграда за царината, полицијата и инспекциските служби. Како што информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски, ваквиот објект треба да го изгради косовската страна во Хани и Елезит, по што целокупната...

Половина година по несреќата кај Ласкарци: Ужалени семејства, многу сомнежи и малку одговори (видео)

Поминаа шест месеци од 13 февруари, денот кога Северна Македонија беше потресена од автобуската несреќа која однесе 16 човечки животи, пренесува „Порталб.мк“. И по половина година од најголемата автобуска несреќа во историјата на земјава, роднините на загинатите лица и експертите заедно во еден здив си го поставуваат прашањето како можеше да се дозволи таква небрежност од компании кои одговараат за...

Дигитализацијата на изводите ќе им заштеди на граѓаните 700.000 евра за пет години (инфографик)

Доколку би се вовел само дигитален извод од матичната книга на родените, за пет години тоа на граѓаните на Северна Македонија би им заштедило 44,11 милиони денари или повеќе од 700.000 евра. Ова го покажува истражувањето на Центарот за управување со промени, кој направил анализа на соодносот „трошоци - придобивки“ од дигитализацијата на услугите, пишува „Порталб.мк“. Сите трошоци и придобивки...

Догодина реконструкција на автопатот кај Хиподром, Миладиновци и Петровец

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ги реконструира автопатските делници Хиподром - Миладиновци, Миладиновци - Петровец и Петровец - Хиподром. Автопатските влезови во Скопје од исток се со вкупна должина од 28 километри, а за нивната реконструкција се обезбедени средства со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). - Очекуваме во септември/октомври распишување на тендер за...

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не ги опфаќа пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците,општинските советници, претседателите и членовите на државни комисии, директорите,...

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

За разлика од земјите - членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до посакуваната дестинација. Во случајот на...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево - Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница - од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. - Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот...

Продолжува праксата на носење закони по итна постапка (инфографик)

Собранието на Северна Македонија не ја напушта практиката на донесување закони по скратена и итна постапка, иако во последните две години процентот на донесени закони по итна постапка е намален. Сепак, продолжува непочитувањето на правото за јавна расправа за предложените закони, што, пак, остава простор за нанесување штета на демократијата и неисполнување на основната улога на Собранието известува Порталб.мк. До...

ТАВ би сакал да се воведе воз до скопскиот аеродром, но не и да инвестира во него

Воведувањето железничка врска до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би била дополнителна придобивка за патниците, поради што и компанијата што управува со македонските аеродроми, „ТАВ Македонија“ ја поддржува идејата за воведување на аеродромски воз. Сепак, од компанијата велат дека нивната дејност е во областа на аеродромските операции и немаат намера да влегуваат во други бизниси. - Со оглед на тоа што ги...

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи. Реакцијата...

Во превозот доминираат стари возила – за секој нов увезуваме девет стари автобуси (инфографик)

И по неколкуте сообраќајни несреќи во земјава во кои учествуваа автобуси, македонските превозници продолжуваат да увезуваат половни автобуси и минибуси од странство. Според податоците на Царинската управа на РСМ, во првите шест месеци од годинава се увезени 133 автобуси и минибуси, од кои дури 120 веќе биле употребувани во странство. Сепак, информациите за 2019 година говорат дека се зголемила...

Се бара компанија што ќе го гради новиот Клинички центар

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар на локацијата „Веле Поле“ во општината Ѓорче Петров. Се работи за комплекс објекти што ќе се градат на грин-филд локација, по модел „клуч на рака“. Оние компании (и домашни и странски), кои ќе учествуваат на тендерот, треба да извршат проектирање, планирање и подготовка на документација, потоа изградба, опремување...

Проблемот со паркингот на Клинички ќе се решава со монтажни гаражи преку јавно-приватно партнерство

Нова монтажна катна гаража ќе никне на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, и уште една спроти Клиниката за трансфузиологија. Министерството за здравство отвори постапка за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи, кои се очекува да го решат проблемот со паркирањето на клиниките. Министерот Венко Филипче за Мета.мк вели дека се очекува до Нова година...

Заеднички граничен железнички премин со Србија ќе имаме дури во 2023 година

Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Србија во наредните години ќе биде во уште поподредена состојба во споредба со патниот превоз. За разлика од воведувањето на заедничка гранична контрола во патниот превоз на крајот од овој месец, транспортот на патници и стока со воз ќе почека на заеднички граничен железнички премин дури до 2023 година. Спогодбата за воведување на заеднички гранични...

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. - Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе од задоволни, со образложение дека...

Инспекторите затвориле два училишни тоалети и две сали поради лоша хигиена

Од 308-те училишта и 114-те детски градинки во кои биле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), дури во 156 биле утврдени различни недостатоци во врска со хигиената на тоалетите и другите простории.  „Мета.мк“ побара информации од ДЗСИ за состојбата со хигиената во училиштата и во градинките, а според она што го добивме како одговор, недостатоците се главно од...

Три предлози за зголемена безбедност во меѓуградскиот превоз во земјава

Случаите со несреќата кај Ласкарци, со пренатрупаноста со патници во автобусите и со запалениот македонски автобус во Црна Гора, го активираше алармот дека безбедноста на меѓуградскиот превоз е загрозена. За да се избегнат ваквите ситуации во иднина и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, експертите препорачуваат три измени во постапката за проверка на исправноста на автобусите, а пак превозниците...

Во ерата на брзи железници, возот од Скопје до Белград патува десет часа (инфографик)

За да го мине растојанието меѓу Скопје и Белград, на меѓународниот воз „Хелас експрес“ денес му се потребни 9 часа и 55 минути. Во 1989 година, до истата дестинација граѓаните со воз патувале 3 часа пократко. Без границата кај Прешево и Табановце, меѓународните возови пред распадот на СФР Југославија, од Скопје до Белград патувале 6 часа и 48 минути....

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...