среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Бељаковце | 18 резултати

Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

јуни 18, 2020

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во […]

Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија

јуни 3, 2020

Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 […]

Реализацијата на капиталните инвестиции нема да запре поради корона кризата

април 3, 2020

Владата не планира да ја запре реализацијата на капиталните инвестиции во делот на инфраструктурата. Од Министерството за транспорт и врски во изјава за „Мета.мк“ посочуваат дека капиталните проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура ќе продолжат да се изведуваат непречено. – Министерството за транспорт и врски ги презема сите потребни активности за да […]

Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка

февруари 17, 2020

Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце – Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората […]

Годинава ќе се инвестираат над 31,7 милиони евра во железничката инфраструктура

јануари 13, 2020

Почеток на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка, завршување на изведбата на железничката делница Куманово – Бељаковце и почеток на реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 8 се трите главни проекти што планира да ги реализира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во 2020 година. Во изградба, реконструкција и надградба на железничката […]

Изградени 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце до крајот на 2019 година

декември 27, 2019

Се интензивира изведбата на градежните работи на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. До крајот на годинава, изградени се 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце со должина од 30,8 километри, информираат од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“. – Интензитетот на изградба се зголеми во втората половина на […]

Бертолини: Ризикувате да ги изгубите парите од ЕУ за пругата кон Бугарија

ноември 29, 2019

Изградбата на пругата кон Бугарија не напредува како што треба, а земјава ризикува да ги изгуби дадените средства од ЕУ доколку не постои никаков напредок во реализацијата на железничкото поврзување. Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во изјава за „24ТВ“ тврди дека Македонија недоволно ги користи ЕУ-фондовите. – […]

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

ноември 11, 2019

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании […]

Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата кон Бугарија

ноември 5, 2019

Изградбата на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е своевиден рекордер по нереализираните ветувања кај капиталните проекти од инфраструктурата. Со своја историја на неуспешни обиди за изведба, оваа пруга влече неславна историја уште од крајот на деветнаесеттиот век. „Мета.мк“ се обиде да ја прикаже хронологијата на неуспехот на изградбата на пругата меѓу Куманово и Деве […]

Или се на одмор или на боледување: Три месеци нема одговори за железничката инфраструктура

септември 24, 2019

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе трет месец не доставува одговори на поставените прашања за неколку значајни проекти. „Мета.мк“ изминатово лето во повеќе наврати испраќаше барања за одговори по електронска пошта, а во неколку наврати се обиде и телефонски да добие податоци за значајни теми за железничката инфраструктура. Од јули до денес, […]

Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

септември 13, 2019

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово – Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. – Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да […]

Обезбедивме 580 милиони евра за железничката пруга од Куманово до бугарската граница, вели Заев

јули 23, 2019

Во интервју за бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека пругата од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба најдоцна до 2025 година, а за изградбата на третата фаза, од Крива Паланка до Бугарија ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра кредит, кој […]

Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година

јули 17, 2019

До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската […]

Владата денеска ќе расправа за програмата за членство во НАТО

декември 5, 2017

На денешната седница, Владата ќе расправа за неколку важни прашања, меѓу кои предничат информацијата за реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8, како и за проекти на ЕЛЕМ кои не се во рамките на основната дејност на државниот производител на струја. Од стратешките теми, на маса е и предлог-текстот на годишната Национална програма […]

Страна 1 од 1