fbpx

Над 2,2 милиони евра годинава се префрлени од државата до Железници за изградба на пругата Куманово-Бељаковце

-

Министерството за транспорт и врски на ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура од јануари до јуни годинава му префрлило над 2,2 милиони евра од кредот на ЕБОР за изградба на пругата Куманово-Бељаковце, покажуваат податоците објавени на open.finance.gov.mk. Од кредитот во висина од 46,2 милиони евра што земјава го подигна во 2012 година, само во првото полугодие од државата на јавното претпријатие му се легнати шест транши за изградба на пругата долга 30,8 километри.

Станува збор за една четвртина од вкупните средства кои ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура треба годинава да ги добие за изградба на овој проект (околу 9 милиони евра), а кои се вметнати како сума во Ревидираниот бизнис план на ЈП ЖРСМ-Инфраструктура за 2020 година. И додека Министерството за транспорт и врски непречено ги исплаќало средствата кон инвеститорот за изведба на оваа железничка делница, останува нејасно зошто изведувачот на 29 мај годинава доставил известување за раскинување на договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце.

„Мета.мк“ испрати прашања до централата на досегашниот изведувач „Вибе“ во Германија за овој проект, но до објавување на овој текст не добивме одговор за причините поради кои се одлучиле да го раскинат договорот за завршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија. Информација пристигна единствено од ЈП за Железници на РСМ-Инфраструктура, кои потврдија дека ќе мора да се распише нов тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце. 

Со раскинувањето на договорот, германската компанија „Вибе“ ја запрела изградбата на пругата, додека подизведувачите ја повлекоа механизацијата и материјалот од градилиштата. Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот за „Мета.мк“ изјавија дека изведувачот поради слабиот човечки и технички капацитет и недоволната ангажираност на терен, со забавена динамика ги изведувал работите. Сепак, „Вибе“ засега не ги објавува јавно причините поради кои се откажал од договорот за изведба на пругата.

Со неславниот епилог со досегашниот изведувач, нашата земја ќе треба повторно да објави меѓународен тендер за избор на изведувач на пругата Куманово-Бељаковце, кој заедно со спроведувањето на неколкумесечната тендерска постапка, ќе значи и дефинитивно одложување на завршувањето на пругата Куманово-Бељаковце за 2021 година, иако проектот првично беше ветуван дека ќе биде готов до 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...