fbpx

Меѓу 8 фирми ќе се бира изведувачот на пругата Бељаковце – Крива Паланка

-

Од 15 компании што доставиле понуди во претквалификациската фаза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) избра осум фирми кои влегоа во втората фаза од меѓународниот тендер за избор на изведувач за пругата Бељаковце – Крива Паланка. Од понудите што ќе ги достават овие компании ќе се избере субјектот што треба да ја реализира втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

– Очекуваме до крајот на оваа година да се избере изведувач и да се почне со работа на терен – велат од ова министерство.

Железничката пруга долга 34 километри е со проектирана вредност за изградба во износ од 147 милиони евра. Сепак, конечната цена за изведба на овој проект ќе се знае по изборот на најповолната понуда. Рокот за изградба на пругата е 40 месеци, а актуелниот тендер беше распишан кон средината на 2018 година.

Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје уште минатата есен реагираа дека Македонија недоволно ги користи средствата дадени од фондовите на ЕУ за овој проект. Никола Бертолини, како раководител на Секторот за соработка во Делегацијата, јавно предупреди дека земјава ризикува да ги изгуби фондовите од ЕУ за пругата кон Бугарија, бидејќи програмата не напредува како што треба. За пругата Бељаковце – Крива Паланка ни беа дадени околу 70 милиони евра неповратни средства од ЕУ, со што се намали за половина кредитот подигнат од ЕБОР за оваа намена.

Од Министерството за транспорт и врски не сакаат јавно да говорат на ваквите забелешки од Делегацијата на ЕУ, велејќи дека за роковите за искористување на средствата од ИПА програмите надлежни за одговор се од Секретаријатот за Европски Прашања како национален координатор.

Во Бизнис планот за работа на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ за годинава стои дека ќе се искористат вкупно 20 милиони евра за изградба на пругата меѓу Бељаковце и Крива Паланка, а средства ќе се издвојат и за експропријација на земјиштето по кое минува трасата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...