fbpx
Таг: бегалскакриза

таг: бегалскакриза

Меркел и Оланд предлагаат „европски азил“ и легитимациски листи за мигрантите

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, објавија заедничко писмо во кое изразуваат поддршка на неодамна предложените мерки за згрижување на бегалците од Блискиот Исток. Писмото, двајцата европски лидери го испратиле до Советот на Европската унија, Европската комисија (ЕК) и до премиерот на Луксембруг, кој го презеде претседателството со унијата во наредните шест месец. Меркел и Оланд изразуваат поддршка...

Ариф: Владата и УНХЦР мора да бидат подготвени за зимскиот наплив на мигранти

Двајца експерти од седиштето на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во моментот се во Скопје, каде заедно со претставници на Владата, полицијата и со другите партнери на ОН во земјава, разговараат и ги разгледуваат можните сценарија за тоа како ќе се одвива бегалската и мигрантската криза со која се соочува земјата, особено во зимскиот период, вели во...

Могерини: Бегалската криза ќе трае и мораме да се прилагодиме на таа реалност

Проблемот со бранот бегалци ќе биде присутен уште долго време, изјавила денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини, упатувајќи повик до земјите-членки на унијата да се прилагодат на новата реалност. „Овој проблем уште долго ќе биде присутен и што побргу го прифатиме тоа, побргу ќе можеме обединети, како Европејци, да дадеме ефикасен...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници. Бегалците со посебен...

Гутерес: ЕУ нема друг избор освен да ги мобилизира сите сили околу бегалската криза

„Европската унија (ЕУ) нема друг избор освен да ги мобилизира сите свои сили во врска со бегалската криза, а единствен начин за решавање на овој проблем е унијата и сите зeмји-членки да спроведат заедничка страртегија, заснована на одговорност, солидарност и на доверба“, изјави вчера високиот комесар на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Антониот Гутерес. Тој вчера достави насоки...

Британија се согласи да прими повеќе бегалци

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, се очекува денеска да ги објави плановите на неговата влада за зголемување на на бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволен влез и ќе бидат прифатени во Обединетото Кралство, јавува „Би-Би-Си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, допoлнителниот број бегалци ќе бидат прифатени од камповите на Обединетите нации (ОН) на сириската граница, а не...

Чавков го покани грчкиот министер за внатрешни на средбата за мигрантската криза

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во интервју за грчката новинска агенција АНА МПА, го повика својот грчки колега да присуствува на состанокот на министрите за внатрешни работи на Србија, Македонија, Унгарија и на Австрија, кој треба да се одржи деновиве, и на кој ќе се разговара за мигрантската криза со која се соочуваат земјите од регионот. „Грција е една...

Од средината на јуни досега, во земјава регистрирани 52.757 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.217 странски државјани. Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) досега, документи, со кои им се овозможува легален престој на мигрантите на територијата на земјава во период од 72 часа, им се издадени на вкупно 52.757 странски државјани, од...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот ангажман ќе трае „се додека има потреба“. - Сили на АРМ сè уште се распоредени во...

Експерти на ОН бараат Европа да ги отвори границите за мигрантите

Европските лидери треба да покажат поголема отвореност и да им помогнат на мигрантите наместо да користат јазик со кој ги потиснуваат нивните права, изјавил денеска специјалниот известувач на Обединетите нации за човекови права на мигрантите, Франсоа Крепо. „Зборувањето за „мародери“ и „роеви“ е несоодветен начин за потиснување на нивните права, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на Крепо, во која тој додава...

На бегалската криза не и се гледа крајот: Колку што си одат, уште толку доаѓаат

Нов голем бран бегалци и мигранти, претежно од Сирија, се очекува деновиве да пристигне на македонската јужна граница. Како што пишуваат грчките медиуми, утрово околу 5 часот, траектот „Елифтериос Венизелос“ со околу 2.500 мигранти испловил од Митилини на островот Лезбос. Траектот треба да пристигне на пристаништето во Пиреа, денеска попладне околу 5.40 часот, од каде потоа со автобуси и...

Отворен нов прифатен центар за мигранти во Гевгелија

На денешната, трета седница, на Главниот штаб за управување со кризи, која денеска се одржа во Центарот за управување со кризи (ЦУК), меѓудругото биле донесени и предлог мерки за оспособување на новиот прифатен пункт за мигранти во Гевгелија, отворен денеска. „На состанокот, освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите коишто се дел од Системот за управување со...

Чавков и Курц денеска ќе ја посетат јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во посета на земјава, денеска претпладне ќе ја посетат Гевгелија, која викендот беше во фокусот на меѓународната јавност поради бегалската криза. „Денес 24 август, во 10.30 часот, во Гевгелија, министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ќе го пречека министерот за надворешни работи...

УНХЦР бара да ги отвориме границите и да ги заштитиме бегалците

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница и добил уверување дека „границата нема да биде затворена во иднина“. „УНХЦР е особено загрижена за илјадниците ранливи бегалци и мигранти, посебно жени и деца, насобрани на грчката страна на границата во сè полоши услови“,...

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...