fbpx

Отворен нов прифатен центар за мигранти во Гевгелија

-

На денешната, трета седница, на Главниот штаб за управување со кризи, која денеска се одржа во Центарот за управување со кризи (ЦУК), меѓудругото биле донесени и предлог мерки за оспособување на новиот прифатен пункт за мигранти во Гевгелија, отворен денеска.

„На состанокот, освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите коишто се дел од Системот за управување со кризи, беа донесени и предлог мерки што треба да се преземат во наредниот период, пред се, во делот на обезбедување на основните предуслови (вода, електроснабдување, инфраструктура и здравствена заштита) за оспособување на локацијата којашто е предвидена да биде прифатен пункт за мигрантите“, соопштуваат од ЦУК.

Веднаш по состанокот, директорката на ЦУК, Сузана Салиу, заминала во посета на гевгелискиот регион каде ќе „направи увид на активностите кои се спроведуваат на терен, согласно „Акциониот план за превенција и справување со зголемен транзит на мигранти низ територијата на Република Македонија“ и ќе се сретне со градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов.

Главниот штаб при ЦУК е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации и е составен од претставници на министерствата за внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана и надворешни работи. Негови членови се и раководителот на Итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...