fbpx

Од средината на јуни досега, во земјава регистрирани 52.757 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.217 странски државјани.

Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите (19 јуни) досега, документи, со кои им се овозможува легален престој на мигрантите на територијата на земјава во период од 72 часа, им се издадени на вкупно 52.757 странски државјани, од кои најголемиот број, односно 36.417, се Сиријци.

Во изминатите два и пол месеци, од кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, вкупно 49 лица поднеле барање за азил во земјава. Во изминатите 24 часа, според МВР, до одделението за азил не е поднесенo ниту едно вакво барање.

Во Прифатниот центар за баратели на азил, во регистарот за вчерашниот ден биле евидентирани вкупно 14 баратели на азил. Од нив девет се мажи, од кои кај еден, според МВР, се констатирани повреди, две се жени, од кои една била хоспитализирана поради бременост, а тројца се малолетници, од кои еден малолетен барател на азил е без придружба и кај него, исто така, биле констатирани повреди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...