fbpx

Британија се согласи да прими повеќе бегалци

-

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, се очекува денеска да ги објави плановите на неговата влада за зголемување на на бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволен влез и ќе бидат прифатени во Обединетото Кралство, јавува „Би-Би-Си“.

Како што пренесува британскиот национален сервис, допoлнителниот број бегалци ќе бидат прифатени од камповите на Обединетите нации (ОН) на сириската граница, а не од луѓето кои веќе се наоѓаат во Европа.

Засега не е познато за колкава бројка се работи, но како што најавил Камерон, станува збор за „илјадници“.

Инаку, „Даунинг стрит“ се соочува со остри критики по реакциите на јавноста и на медиумите во врска со хуманитарната криза.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, повиците до Велика Британија да прими повеќе бегалци, се интензивираа откако беше објавена фотографијата на тригодишниот Ајлан Курди, кој се удави додека со своето семејство бегал од Сирија, а чие безживотно тело беше пронајдено на турскиот брег.

Камерон вчера изјавил дека како татко бил „длабоко трогнат“ од фотографијата, но додал дека прифаќањето на повеќе луѓе едноставно не е решение за проблемот.

Се очекува Камерон да го објави планот на британската влада денеска во Мадрид, каде е на средба со лидерите на Шпанија и на Протугалија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...