fbpx

Чавков и Курц денеска ќе ја посетат јужната граница

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во посета на земјава, денеска претпладне ќе ја посетат Гевгелија, која викендот беше во фокусот на меѓународната јавност поради бегалската криза.

„Денес 24 август, во 10.30 часот, во Гевгелија, министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ќе го пречека министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, каде што ќе ja увидат моменталната ситуација према границата со Грција“, стои во најавата за посетата на Министерството за вантрешни работи (МВР).

Околу 5.000 мигранти, во саботата влегоа во Македонија и организирано со такси, возови, автобуси и минибуси беа транспортирани до Табановце, а потоа во Србија.

Во четвртокот, македонските власти ја затворија границата со Грција и не дозволуваа масовни преминувања на мигрантите од грчка на македонска територија, откако ден предходно Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба.

При обезбедувањето на границата од илегални премини, македонските безбедносни сили употребија шок-бомби за спречување кон беглаците, кои се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон, што наиде на остри реакции од домашните и меѓународните хуманитарни организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...