fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Историска средба: Обама и Кастро ќе се ракуваат во Панама

Американскиот претседател Барак Обама денеска замина на кратка турнеја во Средна Америка, во рамки на која в петок и в сабота ќе учествува на самитот на Јужна и на Северна Америка во Панама. На самитот би требало да се сретне со челниците на 34 држави, меѓу кои и со кубанскиот претседател Раул Кастро. Обама денеска слета во Јамајка. Двајцата претседатели...

Американците повеќе се плашат од Обама отколку од Путин

Третина од американските републиканци сметаат дека претседателот на САД, Барак Обама, претставува поголема закана за државата отколку рускиот претседател, Владимир Путин, покажа анкетата што ја спроведе „Ројтерс/Ипсос“. Во анкетата учествуваа 2.809 Американци, кои на скала од 1 до 5 можеле да ја оценат државата, организација или лице за кое сметаат дека претставува закана за САД. Резултатите од анкетата покажаа дека 34 отсто...

Обама: Со Нетанјаху сум како со Путин

Претседателот на САД, Барак Обама, го означи своите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како службени, споредувајќи го со Владимир Путин. - Имаме многу службени односи со премиерот – рече Обама. Во последните неколку месеци Обама оцени дека неговата интеракција со Путин од „деловна“ во јуни, прераснала во „деловна и отворена“ во ноември, па до „директна, отворена и деловна“ во декември....

Обама: ИД е директна последица на американската инвазија на Ирак

Претседателот на САД, Барак Обама, вели дека потеклото на самопрогласената Исламска држава е американската инвазија на Ирак во 2003 година. Обама во интервју за „Вајс њуз“ првпат изјави дека постои директна врска меѓу инвазијата на Ирак и ИД, којa изникна од Ал каеда. - ИД директно израсна од ирачката Ал каеда, која изникна од нашата инвазија – рече Обама и додаде...

Убиен рускиот опозиционер Борис Немцов

Лидерот на опозициското руско „Движење на солидарноста“, Борис Немцов, е убиен вчера во центарот на Москва. Причина за смртта е големо внатрешно крвавење, што го предизвикале четири куршуми истрелани кон него од автомобил во движење. Тој бил погоден во главата, срцето, црниот дроб и во желудникот. Во моментот на убиството, Немцов се шетал на московскиот мост Бољшој камени, а во соопштението...

Јозеф Кленси е новиот директор на тајната служба на САД

Американскиот претседател Барак Обама го именуваше Џозеф Кленси за директор на американската тајна служба, игнорирајќи ги повиците за поставување „човек од надвор“ по низата скандали што ја потресоа службата. Педесет и деветгодишниот ветеран Кленси бил задолжен за заштита на Обама и на неговите претходници на таа функција. Четиричлениот владин одбор сметаше дека на службата ѝ е потребен „лидер однадвор“. Претходната директорка на службата поднесе...

Конгресмени бараат Обама да ја тргне тајноста од извештајот за 11 септември

Група американски конгресмени од двете партии побараа од Белата куќа да ја тргне ознаката за тајност на 28 страници од извештајот на Комисијата за истрага на нападите од 11 септември. Конгресмените од Барак Обама побараа да дозволи пристап до документите за 11 септември. Во тој дел од извештајот, наводно, се говори за поврзаноста на Саудиска Арабија и на Ал Каеда. Дваесет...

Обама бара од Конгресот на 8 август да почне офанзива против ИД

Американскиот претседател Барак Обама вчера побара од Конгресот формално да ја поддржи војната против терористичката група Исламска држава, наведувајќи дека џихадистичката парамилитарна организација би можела да претставува закана за САД доколку не биде запрена. Мисијата би траела три години, но не опфаќа копнена акција. Сепак, Белата куќа и Пантагон би биле подготвени да распоредат сили во специфични ситуации. „За ослободувањето од овие...

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната. Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се најде решение со Москва. Според американскиот...

Јолевски и Бесими на молитвен појадок во Вашингтон

Македонски претставници, предводени од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од вицепремиерот Фатмир Бесими, ќе учествуваат на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, заедно со претседателот на САД, Барак Обама. Македонската делегација ќе ја сочинуваат и пратениците Влатко Ѓорчев, Роза Топузова-Каревска и Силвана Бонева, споругата на поранешниот македонски претседател, Вилма Трајковска, и поранешниот министер за здравство, Имер Селмани. Оваа година на појадокот ќе...

Обама и Меркел ќе се сретнат на 9 февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел на 9 февруари ќе го посети претседателот на САД, Барак Обама, соопшти Белата куќа. На средбата, Обама и Меркел ќе разговараат за Украина, борбата против тероризмот и против Исламската држава и за ситуацијата со Авганистан и со Иран. Освен тоа, тие ќе разговараат и за глобалниот економски пораст, климатските промени, како и за Самитот Г7 во јуни, на...

Обама: Не треба да се врши притисок врз Грција

Американскиот претседател Барак Обама, говорејќи за кризата во Грција, изјави дека не може да се продолжи со вршење притисок врз една земја, чија економија е во депресија. - Не можеме да продолжиме да вршиме притисок на земја која е во депресија. Во еден момент е потребна стратегија за пораст за да може да се вратат долговите. Кога економијата е во слободен...

ИД се закани дека ќе му ја отсече главата на Обама во Белата куќа

Радикалната сунитска група Исламска држава во најнов видеозапис директно му се закани на американскиот претседател Барак Обама, јавува „Фокс њуз“. - Обама, знај дека ќе дојдеме во САД. Ќе ти ја отсечеме главата во Белата куќа, а Америка ќе стане муслиманска провинција - се наведува во видеоснимката. Исламските екстремисти, исто така, ѝ се заканија и на Европа. - Ова е порака за Франција...

Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

Претседателот на САД, Барак Обама, во вторник ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се запознае со новиот крал Салман и да изрази сочувство на фамилијата на покојниот крал Абдула, велат од Белата куќа. Делегацијата на САД требаше да ја предводи потпретседателот Џо Бајден, но распоредот на Обама беше сменет и тој ќе ја скрати посетата на Индија за еден...

Обама бара дозвола од Конгресот за употреба на сила против ИД

Претседателот на САД, Барак Обама, побара Конгресот да усвои резолуција со која се дозволува употреба на сила против екстремистичката сунитска група Исламска држава. Обама изјави дека и понатаму продолжуваат акциите против ИД и истакна дека ќе ја победат, но оти за тоа е потребно време.

Белата куќа ја призна грешката: Требаше да испратиме некого во Париз

Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама, призна дека направиле грешка што на маршот во Париз не испратиле претставник на САД со повисок ранг од нивниот амбасадор во Франција, пренесе  „Си-Ен-Ен“. - Мислам дека и самиот Обама би сакал да присуствува на маршот доколку околностите беа поинакви. Планот за одржување на маршот почна во петокот вечерта, 36 часа пред одржување...

Кои присуствуваа, а кои лидери го игнорираа маршот во Париз?

Претседателот на САД, Барак Обама, не присуствуваше на маршот  во Париз, кој се одржа вчера како протест против убиството на новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Не присутвуваше ниту државниот секретар Џон Кери, кој, пак, заедно со македонскиот премиер Никола Груевски, беше гостин на самитот на претприемништвото „Вибрант Гуџерат“ во Индија. Американските медиуми посочуваат дека запрепастувачки било тоа што нивни претставник...

2014 година низ фотографиите на Обама

Пит Соуза, официјалниот фотограф на претседателот на САД, Барак Обама, ја објави традиционалната галерија на фотографии на која се покажува живтот на Обама претходната година. - Повеќе од моментите што се фотографирани може најдобро да се објаснат како моменти „зад сцената“, односно тоа се фотографии сликани далеку од центарот на вниманието од јавните настани. Некои од фотографиите се историски, но други...

Анкета: Повеќето Руси не го сакаат Обама

Осумдесет и еден отсто од Русите имаат негативно мислење за американскиот претседател Барак Обама, а помалку од пет отсто имаат позитивен став за него, покажа Рускиот центар за истражување на јавното мислење. Според анкетата, 22 отсто од испитаниците изјавиле дека не им се допаѓа тоа што Обама води антируска политика, додека 18 отсто - поради тоа што почнува војни во светот....

САД воведоа санкции против Крим

Соединетите Американски Држави воведоа економски бојкот и издадоа наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги во Крим. Претседателот на САД, Барак Обама, го овластил Министерството за финансии за воведување санкции против поединци и компании што работат во регионот. Тој ја повика Русија да ја прекине окупацијата и анексијата на Крим и да престане да дава поддршка на сепаратистите...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...