fbpx

Обама и Меркел ќе се сретнат на 9 февруари

-

Германската канцеларка Ангела Меркел на 9 февруари ќе го посети претседателот на САД, Барак Обама, соопшти Белата куќа.

На средбата, Обама и Меркел ќе разговараат за Украина, борбата против тероризмот и против Исламската држава и за ситуацијата со Авганистан и со Иран. Освен тоа, тие ќе разговараат и за глобалниот економски пораст, климатските промени, како и за Самитот Г7 во јуни, на кој Германија ќе биде домаќин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.