fbpx

Убиен рускиот опозиционер Борис Немцов

-

Лидерот на опозициското руско „Движење на солидарноста“, Борис Немцов, е убиен вчера во центарот на Москва. Причина за смртта е големо внатрешно крвавење, што го предизвикале четири куршуми истрелани кон него од автомобил во движење. Тој бил погоден во главата, срцето, црниот дроб и во желудникот. Во моментот на убиството, Немцов се шетал на московскиот мост Бољшој камени, а во соопштението на руското Министерство за внатрешни работи се вели дека убиениот бил во друштво на една жена.

Немцов беше познат како критичар на претседателот на Русија, Владимир Путин. Синоќешното убиството се случи пред најавениот марш на руската опозиција против украинската војна, закажан за утре во Москва.
Во неговата последната порака упатена преку социјалната мрежа „Твитер“, тој ја повика разединетата руска опозиција на антивоен протест.

– Ако се согласувате со потребата од запирање на руската војна во Украина и ако се согласувате да се запре агресијата што Путин ја спроведува, тогаш дојдете на протестниот марш – напиша Немцов.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство за смртта на Немцов и најостро го осуди неговото убиство, оценувајќи дека е можно да станува збор за нарачано убиство.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека синоќешното убиство на Немцов е стопроцентна провокација, со оглед на плановите на опозицијата утре во Москва да одржи голем протест.

Претседателот на САД, Барак Обама, го осуди, според него, бруталното убиство на рускиот опозиционер и ја повика руската влада да спроведе брза, неутрална и транспарентна истрага и да ги изведе виновниците за злоделото пред лицето на правдата.

„Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството на Борис Немцов и до рускиот народ, кој загуби еден од најдобрите, најдостојни и најелоквентни бранители на своите права“, се вели во соопштението на Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...