fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Обама: Изјавите протов имигрантите се антиамерикански

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ставовите против имигрантите кои ги изнесоа некои кандидати за време на претседателката кампања, не се својствени за Американците и за САД. - Тоа чувство насочено против имигрантите во тековната политичка дебата е спротивно на тоа што ние го претставуваме – рече Обама, кој никого не именуваше, но алудираше на канидатот за претседателска номинација Доналд Трамп. Трамп...

Путин и Обама разговарале за создавање коалиција против екстремизмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот, велејќи дека за тоа веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама. На маргините на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека за иницијативата разговарал со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и на други земји. - Навистина сакаме некој вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот....

Обама обезбеди поддршка во Сенатот за договорот за нуклеарната програма на Иран

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, ја доби потребната поддршка од членови на Сенатот за договорот за нуклеарната програма помеѓу Иран и шесте светски сили, чија имплементација, како што се предвидува, треба во голема мера да придонесе за геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток, пишуваат медиумите во САД. Сенаторката Барбара Микулски денеска објави дека ќе го поддржи...

Белата куќа бара од Конгресот да преземе нешто против оруженото насилство

Администрацијата на претседателот на Соединетите американски држави (САД), Барак Обама повторно го повика Конгресот да преземе акција и да донесе мерки за контрола на оружјето, откако вчера вооружен маж уби новинарка и снимател во американската сојузна држава Вирџинија. Пораката на администрацијата на Обама, ја пренесе прес-секретарот на Белата куќа, Џош Ернест. „Ова е уште еден пример дека оруженото насилство станува премногу...

Џими Картер откри дека боледува од рак

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џими Картер, соопштил дека боледува од рак, кој бил откриен при хируршка операција на црниот дроб, на која бил подложен неодамна, јавуваат светските медиуми. При операцијата, лекарите утврдиле дека ракот се проширил и на другите органи на 90-годишниот американски државник. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Картер ќе биде подложен на лекарски третман во „Емори хeлткер“...

Обама ќе го објави планот за чиста енергија

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, треба да го објави планот за, како што тој вели, „најголемиот и најважниот чекор што сме го презеле“ во справувањето со климатските промени, јавуваат светските медиуми. Станува збор за ревидираниот „План за чиста енергија“, со кој се предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови од енергетските постројки во САД за една третина...

Обама во Африка разговара за Јужен Судан

Во Адис Абеба, претседателот на САД, Барак Обама, и африкански лидери разговараа за конфликтот во Јужен Судан, соопшти извор од американската делегација во престолнината на Етиопија. Освен Обама, на средбата учествувале претседателите на Кенија, Етиопија, Уганда и на Судан, како и претставници на Африканската унија. Тие разгледале различни варијанти за Јужен Судан. Меѓу нив биле наложувањето санкции и испраќањето регионални сили...

Обама во посета на Етиопија

Претседателот на САД, Барак Обама, престојува во Етиопија каде со лидерите на земјата ќе разговара за борбата против тероризмот, човековите права и за регионални безбедносни теми. Обама е прв претседател на САД што ја посетил Етиопија. Групите за човекови права го критикуваа Обама поради посетата на оваа африканска земја. Критичарите велат дека неговата посета дава легитимитет на владата, која ги користи безбедносните проблеми...

Обама за „Би-Би-Си“: Законите за оружје во САД се мојата најголема фрустрација

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за британскиот национален медиумски сервис „Би-Би-Си“, изјавил дека неуспехот да го спроведе законот за контрола на носењето оружје во САД е најголемата фрустрација во неговиот претседателски мандат. Во интервјуто, Обама рекол дека е вознемирувачки тоа што нема прогрес по ова прашање и покрај тоа што земјата „се соочува со масовни убиства што се...

Нигерија бара оружје за борба со Боко харам, САД не даваат

Соединетите американски држави (САД) „им помагаат и ги потикнуваат“ милитантите на исламистичката група Боко харам, со тоа што одбиваат да ѝ дадат оружје на Нигерија за борба со милитантите, изјавил нигерискиот претседател Мухамаду Бихари, јавуваат медиумите. Како што пренесува „Би-Би-Си“, законите во САД забрануваат продажба на оружје на земји што тешко се справуваат со кршењето на човековите права. Нигерискиот претседател во понедeлникот...

Куба и САД и формално ги обновија дипломатските односи

Куба и Соединетите Американски Држави (САД) и формално ги обновија дипломатските односи откако стапи на сила договорот за прекин на децениското непријателство, што беше постигнат минатата година,  пренесуваат светските медиуми. Според информациите, околу полноќ, по локално време, дипломатските мисии на двете земји преминаа на ниво на амбасади. За денеска попладне во Вашингтон најавени се разговори меѓу државниот секретар на САД, Џон...

Обама го брани договорот со Иран

Претседателот на САД застана во одбрана на договорот што го постигнаа големите светски сили со Иран и ги повика тие што го критикуваа, американскиот конгрес и Израел, да предложат ново решение што ќе го спречи Техеран да произведе атомска бомба. - Ралноста е дека постојат две алтернативи, дипломатски начин или сила, односно војна – рече Обама вчера, еден ден откако за иранската нуклеарна...

Обама: Не сме излекувани од расизмот

САД не ја совладале својата историја на расизам, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју во популарната радиоемисија на интернет на комичарот Марк Марон. Интервјуто е емитувано по апсењето на белото момче за расистичкото убиство на девет црнци во црквата во Чарлстон, во државата Јужна Каролина. - Не сме излекувани од расизмот. Не станува збор само за тоа дека не е...

Обама го потпиша законот за ограничување на прислушувањето

Американскиот конгрес ја усвои реформата на законот за надзор со кој се ограничуваат овластувањата на Националната безбедносна агенција (НСА), посебно на програмата за прислушување телефонски разговори, која е воведена по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година. Претседателот Барак Обама веднаш по усвојувањето на законот во парламентот, доцна синоќа го потпиша законот познат како „Фридом акт“. За ограничувањето на...

Обама потпиша декларација за помош на Тексас поради невремето

Бројот на смртните случаи од поплавите и од бурите во американските држави Тексас и Оклахома во изминатата недела достигна 28. Во Тексас животот го загубија 24 луѓе, додека во Оклахома четири. Дванаесет луѓе во Тексас се водат како исчезнати. Поројните дождови продолжија и вчера поради што продолжува и евакуацијата на локални жители во неколку места во државата. - Општините во Тексас доживеаја...

Обама на „Твитер“ собра милиони следбеници

Американскиот претседател Барак Обама, кој во понеделникот го објави првиот твит, постави светски рекорд во најбрзо собирање следбеници на социјалната мрежа „Твитер“, објави Гинисовата книга на рекорди. Обама во понеделникот твитна и го отвори својот налог на „Твитер“, @POTUS (President Оf Тhe United States – Претседател на Соединетите Држави) и за само пет часа собрал еден милион следбеници. Досегашниот рекорд во добивање следбеници на...

Барак Обама го објави првиот твит

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, од вчера има свој твитер-профил. Претходно тој го користеше твитер-профилот на Белата куќа @WhiteHouse. Неговиот аватар гласи @Potus  (скратеница за претседател на Соединетите Држави) и ќе го користи само за твитови што ќе ги твита тој лично. Тој за помалку од 24 часа доби 1,8 милиони следбеници, а досега има објавено само три твита. Првиот му...

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу Обама и Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја исклучи можноста за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин. - Не ја исклучуваме таквата можност. Во случај лидерите да се договорат по дипломатски канали, секако дека таквиот разговор може да се случи ако е неопходен – рече Песков. Песков, сепак, рече дека засега нема никаков договор. -...

Обама: Ниеден акт на изразување не оправдува насилство

Ставот на американскиот претседател Барак Обама по повод пукањето во Далас во неделата навечер е дека ниту еден акт на изразување не оправдува насилство, соопшти портпаролот на Белата куќа. Наведувајќи дека екстремистите се обидуваат да го искористат изразувањето кое го сметаат за навредливо како нешто што го оправдува насилството во светот, портпаролот Џош Ернест истакна дека „ниеден чин на изразување, дури и...

Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Еден државјанин на САД и еден Италијанец, кои биле држени од Ал каеда како заложници во погранична област меѓу Пакистан и Авганистан, загинале во антитерористичка операција на силите на САД, изведена со дронови, во јануари оваа година, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат светските медиуми. Во операцијата биле убиени американскиот лекар Ворен Вајнштајн и Италијанецот Џовани Ло Порто. Од Белата куќа соопштиле...

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...