Обама: Изјавите протов имигрантите се антиамерикански

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ставовите против имигрантите кои ги изнесоа некои кандидати за време на претседателката кампања, не се својствени за Американците и за САД.

– Тоа чувство насочено против имигрантите во тековната политичка дебата е спротивно на тоа што ние го претставуваме – рече Обама, кој никого не именуваше, но алудираше на канидатот за претседателска номинација Доналд Трамп.

Трамп за време на првите дебати со републиканските противкандидати говорел и за миграцијата, наведувајќи, меѓу другото, дека Мексиканците испраќаат криминалци во САД.

Обама во разговорот со студентите во американската држава Ајова, потсети дека многу луѓе дошле во САД од Европа, Азија, Латинска Америка или Африка, како и дека „и нивното семејство дошло од некаде, освен ако не се северноамерикански Индијанци“.