fbpx

Куба и САД и формално ги обновија дипломатските односи

-

Куба и Соединетите Американски Држави (САД) и формално ги обновија дипломатските односи откако стапи на сила договорот за прекин на децениското непријателство, што беше постигнат минатата година,  пренесуваат светските медиуми.

Според информациите, околу полноќ, по локално време, дипломатските мисии на двете земји преминаа на ниво на амбасади.

За денеска попладне во Вашингтон најавени се разговори меѓу државниот секретар на САД, Џон Кери, и неговиот кубански колега, Брино Родригез.

И покрај историскиот настан, двете страни признаваат дека сè уште имаат тешкотии околу постигнувањето договори по одредени прашања.

Рестрикциите за американските државјани кои сакаат да патуваат во Куба сè уште остануваат на сила, како и американското ембарго со кое им се забранува на компаниите од САД да имаат бизниси на Куба.

Кубанскиот претседател, Раул Кастро, веќе го повика претседателот Барак Обама да го повлече ембаргото, кое ѝ носи големи штети на економијата на Куба, како главен столб во насока на нормализацијата на одностите. Сепак, за ова прашање ќе треба да се изјасни Конгресот на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...