fbpx

Обама ќе го објави планот за чиста енергија

-

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, треба да го објави планот за, како што тој вели, „најголемиот и најважниот чекор што сме го презеле“ во справувањето со климатските промени, јавуваат светските медиуми.

Станува збор за ревидираниот „План за чиста енергија“, со кој се предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови од енергетските постројки во САД за една третина во наредните 15 години.

Со мерките се става акцент на енергијата добиена со ветерници и на соларната енергија, како и други обновливи извори.

Сепак, како што јавуваат медиумите, планот на Обама нема да помине без тешкотии, откако противниците од енергетската индустрија најавиле дека ќе се борат против мерките.

Според „Би-Би-Си“, тие изјавиле дека Обама „му објавил војна на јагленот“. Инаку, енергетските централи што користат јаглен произведуваат една третина од електричната енергија во САД.

Планот на Обама предвидува намалување на емисијата на јаглеродни гасови во енергетскиот сектор за 32 отсто до 2030 година, споредено се нивоата на емисија на вакви гасови во 2005 година.

Секоја од американските сојузни држави ќе треба да си постави целна точка во намалувањето на емисијата на јаглеродни гасови и ќе биде обврзана да испрати предлог-план до Агенцијата за заштита на околината за тоа како планира да ги спроведе мерките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...