fbpx
Таг: австрија

таг: австрија

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза. Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута. Само 12 отсто сметаат дека затворањето на...

Микл-Лајтнер: На бегалците да им се каже дека балканската рута е затворена засекогаш

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер, денеска во Брисел рече дека на бегалците што се заглавени на грчко-македонската граница треба да им се соопшти дека нема шанси да ја минат. - Најчесно е на бегалците да им се каже дека не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците...

Австрија нема да отстапи од заострената гранична политика

Австрија ќе продолжи да ја спроведува заострената гранична политика бидејќи договорот со Турција за сопирање на миграцијата кон Грција сè уште не е сигурен, соопшти австрискиот канцелар Вернер Фајман. - Би било напредок да се организира гранична контрола заеднички со Турција, но ние не можеме да сметаме на тоа - изјави Фајман. Шефицата на австриската дипломатија, Јохана Микл-Лајтнер, истовремено соопшти дека Австрија нема...

Македонските градежни компании ќе имаат можност да соработуваат со австриски фирми

Австриската стопанска комора и оваа година организира директни бизнис-средби помеѓу австриски градежни фирми, архитекти, градежни консултанти, производители и трговци на градежни материјали и на обновливи извори на енергија, како и голем број други дејности поврзани со градежништвото со заинтересирани фирми за соработка од Македонија. Конференцијата „Иднина на градежништвото“ (Future of Building) ќе се одржи на 18 април во Австриската стопанска комора во...

Австрија: Опстанокот на ЕУ зависи од намалувањето на приливот на мигрантите

Намалувањето на приливот на мигранти е „прашање за опстанокот на ЕУ“, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер, по разговорите со министрите на деветте земји од таканаречената балканка рута. - Мораме сега да го намалиме приливот. Тоа е клучно за опстанокот на ЕУ – рече Микл-Лајтнер по состанокот во Виена. Властите во Виена се критикувани бидејќи организирале состанок без да...

Курц: Грција не е повикана затоа што не сака да го сопре бегалскиот бран

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц денеска изјави дека Грција не е повикана на состанокот за мигрантската криза во Виена, затоа што не покажала спремност за намалување на протокот на мигрантите. - Грција јасно покажа дека не е заинтересирана за намалување на приливот на мигранти, туку напротив сака да продолжи да ги пропушта кон Македонија – рече Курц во пресрет...

„То вима“: Австрија ќе ѝ помогне на Македонија околу спорот за името заради соработката околу бегалците

Постои ли договор Австрија да ѝ помогне на Македонија околу спорот за името за да ѝ возврати за помошта околу бегалската криза? Грчкиот весник „То вима“ тврди дека Австрија ѝ понудила на Македонија да помогне околу спорот за името како благодарност за одржување на посуштинска соработка со нашата држава околу справувањето со протекот на бегалци кон Европа. Весникот оценува дека овој...

На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

Првата група од околу 400 мигранти денеска пристигнала на главниот австриски граничен премин за баратели на азил Шпилфилд (Шентиљ), откако Виена вчера ги воведе новите дневни квоти за мигранти, соопштила портпаролката на австриската полиција, Меделин Хајнрих, јавуваат агенциите. Владата во Виена, и покрај критиките на Европската комисија, оваа недела донесе одлука во земјата дневно да се примаат по 80 баратели...

Австрија почна со примена на дневните квоти за бегалци

Австрија денеска во осум часот почна да го применува ограничувањето за бројот на мигрантите кои дневно можат да влезат во земјата. Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лајтнер, претходно најави дека дневно од балканската рута ќе се прифаќаат само 80 барања за азил, а ќе се пропуштаат по 3.200 бегалци. Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, ѝ испрати писмо на австриската...

Австрија ја прошири листата на безбедни земји

Австрија денеска објави дека го проширила списокот на сигурни земји за баратели на азил, на која се додадени Алжир, Грузија, Гана, Мароко, Монголија и Тунис. На списокот се наоѓаат БИХ, Косово, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија. Лицата што бараат азил, а потекнуваат од земјите кои се на листата, ќе добијат решение во рок од 10 дена, за разлика од барателите...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот мигранти и бегалци.

Курц: И Црна Гора може да стане дел од мигрантската рута

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, не ја исклучи можноста и Црна Гора да стане дел од транзитната рута за мигранти ако Австрија ги затвори границите. Бегалската криза беше една од темите на состанокот на Курц со црногорскиот министер за надворешни работи и за европска интеграција, Игор Лукшиќ. - Сепак, Црна Гора не е ниту крајна, ниту транзитна држава за мигрантите и...

Дачиќ – Курц: Ако биде принудена, Србија ќе ја затвори границата со Македонија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска соопшти дека Србија ќе биде принудена да ја затвори границата со Македонија доколку одредени земји од балканската рута ги затворат границите. Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, нагласи дека мигрантите не може да бидат стационирани во Србија. - Важно е земјите меѓусебно да се информираат во врска со мигрантите...

Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Словенија утре ќе се договараат за мигрантите

Директорите на полициите на Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија утре доаѓаат во земјава на состанок со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Горанче Савовски, на кој главна тема ќе бидат актуелните состојби околу мигрантската криза. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на средбата ќе присуствува и државниот секретар за внатрешни работи, Анастасија Илиеска. По состанокот кој...

Австријците сметаат дека бегалската криза ја загрозува ЕУ

Австриските граѓани сметаат дека Европската унија е загрозена поради бегалската криза, покажува истражувањето на Австриското друштво за европска политика (ОЕГФЕ). Дури 78 отсто од Австријците сметаат дека иднината на ЕУ е „загрозена“ или „многу загрозена“. Австриските граѓани се прашуваат која е оправданоста за постоењето на ЕУ кога не е во можност да реши проблеми како што е актуелната бегалска криза. Речиси секој...

Австрија воведе привремен азил на три години

Австрискиот совет на министри денеска одлучи да воведе таканаречен привремен азил од три години за бегалците што доаѓаат од земји зафатени со војна, соопшти австрискиот канцелар Вернер Фајман. - Владата постигна заеднички пристап во политиката кон бегалците. Донесовме и одлука за привремен азил – рече Фајман на прес-конференција по седницата на Советот на министри. Според Фајман, бегалците ќе мораат да го оправдаат...

Австрија очекува домино-ефект по ограничувањето на протекот на бегалците

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лајтнер, очекува домино-ефект во Европа по официјалната одлука на Виена да воведе ограничување за бројот на бегалци што можат да добијат азил во земјата, јавува весникот „Остерајх“. - Упативме јасен сигнал против неограниченото добредојде. Австрија и понатаму ќе ги извршува своите хуманитарни должности, но во иднина ќе се ориентира според постојните капацитети – рече...

Германија и Австрија планираат затворање на македонската граница и „мегакампови“ за бегалците

Германија и Австрија, во соработка со македонската и со грчката влада, развиваат план да ја затворат македонско-грчката граница за бегалци, јавува агенцијата „Спутник“, пренесувајќи информации на германскиот весник „Билд“. Според германскиот весник, експерти од Виена, Брисел и од Берлин сакаат да ја затворат границата и да ја опремат со систем за надгледување. Истовремено, зголемениот број на претставници на Агенцијата за контрола на...

Германија почнала да враќа поголем број мигранти во Австрија

Германија, од почетокот на овој месец, почнала да враќа во Aвстрија зголемен број мигранти кои немаат валидни документи или, пак, не сакаат да бараат азил во земјата, соопштила австриската полиција, пренесува „Би-Би-Си“. Поголемиот број од лицата што германските власти ги враќаат назад во Австрија, не биле Сиријци, туку главно државјани на Авганистан, Мароко и на Алжир. „Бројот на мигранти кои во просек...

Виена може да остане без новогодишна прослава поради терористички опасности

Австрискиот главен град Виена би можел да остане без новогодишна прослава, поради опасност од тероризам, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Остерајх“ јавува дека разузнавачките служби предупредуваат дека постои опасност од терористички напади за време на масовни манифестации, вклучувајќи ја и прославата „Новогодишна патека“, во која секоја година учествуваат околу 700.000 луѓе. - Засега нема конкретна закана, но не се исклучува можноста за целосно...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...