fbpx

Австрија ја прошири листата на безбедни земји

-

Австрија денеска објави дека го проширила списокот на сигурни земји за баратели на азил, на која се додадени Алжир, Грузија, Гана, Мароко, Монголија и Тунис.

На списокот се наоѓаат БИХ, Косово, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.

Лицата што бараат азил, а потекнуваат од земјите кои се на листата, ќе добијат решение во рок од 10 дена, за разлика од барателите на азил од Сирија и од другите земји зафатени со војна, кои ќе се разгледуваат со месеци.

Шефицата на австриската дипломатија, Јоана Микл-Лајтнер, рече дека одлуката е обид да се ограничи доаѓањето на тие што своите земји ги напуштиле поради економски причини.

– Потребен е јасен сигнал дека тие нема да уживаат заштита во Австрија – рече таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...