fbpx
Таг: австрија

таг: австрија

Попоски и Дачиќ ја „заплескаа“ ЕУ за проблемите со мигрантите

Македонија се соочува со посебен проблем – наплив на мигранти „од ЕУ земји“, соопшти шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за време на прес-конференцијата во Виена одржана во рамките на самитот посветен на Западен Балкан. Попоски соопшти дека до неодамна, во Македонија секојдневно влегувале по 4.000 мигранти, а според последните проценки, во следниот период се очекува секојдневно да пристигаат по...

Западен Балкан ја победи ЕУ во фудбал – Груевски постигна два гола

Екипата на Западен Балкан го победи тимот на Европската унија (ЕУ) со 4 - 2, во фудбалскиот меч што синоќа се одигра во Виена, организиран во рамките на Самитот на Западен Балкан, кој овие два дена се одржува во австриската престолнина. Македонскиот премиер, во победата на Западен Балкан придонесе со два постигнати гола и асистираше при реализацијата на другите два. На...

Чавков и Курц денеска ќе ја посетат јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во посета на земјава, денеска претпладне ќе ја посетат Гевгелија, која викендот беше во фокусот на меѓународната јавност поради бегалската криза. „Денес 24 август, во 10.30 часот, во Гевгелија, министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ќе го пречека министерот за надворешни работи...

Еден загинат и девет повредени во железничка несреќа кај Грац

Едно лице загина, а деветмина се тешко повредени откако два патнички воза денеска фронтално се судрија во близина на Грац, соопшти австриската полиција. Машиновозачот на еден од возовите бил заробен во локомотивата и им подлегнал на раните, а една 60-годишна патничка е во критична состојба и со хеликоптер е префрлена во болница. Портпаролот на железничката компанија ги потврди медиумските написи дека...

Попоски на конференција во Виена, посветена на борбата со џихадизмот

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Виена ќе учествува на Конференција посветена на „Борбата против џихадизмот – обликување на политика за превенција и реакција.“ На конференцијата, на која ќе учествуваат министрите за надворешни работи и министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците кои од Европа заминуваат за Блискиот...

Поранешниот зет на претседателот на Казахстан се обеси во затвор

Ракат Алијев, поранешен амбасадор на Казахстан во Австрија, е пронајден мртов во затворот во Виена откако извршил самоубиство, соопшти портпаролката на судот. Австриското обвинителство го обвини Алијев во декември за убиство на двајца банкари во 2007 година, поради што Казахстан повеќепати бараше негова екстрадиција. Алијев, поранешен зет на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев, кој стана негов гласен критичар, ги отфрли обвиненијата тврдејќи...

Австрија: Уапсени помагачи на „Пинк пантер“

Луксузни рачни часовници и накит вреден повеќе од половина милион евра се запленети, а четири лица се уапсени при акцијата на австриската полиција која во Виена разби мрежа на помагачи на бандата „Пинк пантер“, соопшти полицијата. Триесет и петгодишен Србин, за кој постои сомневање дека стоката ја донел од Швајцарија, двајца Изралци (37 и 39) и 40-годишен Белгиец, за кого стоката, наводно, била наменета,...

Косовците ги надминаа Сиријците во барањето азил во Австрија

Жителите на Косово во јануари станаа најголема група поднесувачи на молби за азил во Австрија. Со поднесени 1.029 барања, Косовците ги надминаа Сиријците, кои бегаат од војната во својата земја. Во јануари годинава, вкупно 910 Сиријци поднеле барање за азил во Австрија. На трето место се Авганистанците, со 622 барања, а четврти се Ирачаните со 286 молби. Минатата година Сиријците беа најголема...

Австријците ќе одлучуваат дали да ја напуштат ЕУ

Австриското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ја одобрило иницијативата за одржување референдум за напуштање на Европска Унија. Како што јавуваат австриските медиуми, граѓаните на референдумот, кој ќе се одржи од 24 јуни до 1 јули, ќе се изјаснат дали Австрија по 20 години членство треба да ја напушти заедницата. Ова е втор обид за организирање референдум. Во 2011 година,...

Австрија го зголеми степенот за опасност од лавини

Австриските власти во покраината Тирол го зголемија степенот на тревога за опасност од лавини на четврто од можни пет нивоа. Покраинските служби апелираат неискусните скијачи да не ги напуштаат обезбедените патеки и додаваат дека ситуацијата е мошне тешка, особено на пределите кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 2.200 метри.

Австрија: Лавина усмрти двајца Американци

Лавина над австриското скијачкото место Селден затрупа двајца скијачи. Според првичните информации, жртвите се Американци, кои сами ја покренале лавината. Спасувачките служби ги пронашле жртвите. Во овој дел од планината во австриската покраина Тирол на сила е трет степен предупредување од лавини, од вкупно пет. Американските туристи најпрво скијале на 3.056 метри високиот Гаислахјогел, по што ги напуштиле обезбедените патеки.

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН. - Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би...

Замрзнат дожд ја парализира Австрија

Замрзнат дожд и магла ги опкова австриските покраини Штајерска, Долна Австрија и Бургенланд, поради што бројни школи останаа затворени. Пожарните служби имале полни раце работа со отстранување дрва кои се скршиле поради тежината на мразот. Особено се погодени региони на надморска височина меѓу 600 и 1.400 метри, каде студениот дожд создаде апстрактни зимски скулптури. Во Долна Австрија, поради замрзнатиот дожд, на територијата на...

Австрија: Уапсени 13 осомничени џихадисти

Тринаесет лица се уапсени во Австрија под сомневање дека се џихадисти и оти се обиделе да врбуваат млади лица да се приклучат кон радикалните исламистички групи во Сирија, соопштија австриските власти. Како што јавуваат австриските медиуми, во рамките на акцијата за справување со исламистичките борци, околу 500 полицајци извршиле претрес на џамии и на молитвени простории во Виена, Грац и...

Австријците стравуваат од ебола

Австријците стравуваат дека еболата би можела да се прошири и во нивната земја, покажува денеска објавеното истражување на институтот „Маркет“. Според истражувањето, дури 61 процент од населението стравува дека еболата може да стигне во Австрија преку меѓународните авиолетови и другите видови сообраќај. Доколку дојде до појава на ебола, 70 проценти од Австријците имаат доверба во домашниот здравствен систем, кога е во прашање...

Австрија е против нови санкции кон Русија

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. - Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија ќе биде вклучена во разговорите -...

(ВИДЕО) Бан Ки-Mун ги смеша Австрија и Австралија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Mун, за време на посетата на Виена, ги помеша Австрија и Австралија. - Посебно му благодарам на претседателот Фишер и на владата на Австралија - изјави Бан на конференцијата на ОН посветена на земјите кои не излегуваат на море, која се одржува во главниот град на Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=QhIrTDpU1Hs Генералниот секретар подоцна се поправи себеси и се извини на...

Македонска банда арамии пустошела цркви и куќи во Австрија

Австриската полиција трага по неколкумина македонски државјани, осомничени дека се дел од криминална банда која извршила серија тешки кражби во неколку градови во земјата, информира весникот „Куриер“. Како што пренесува весникот, полицијата уапсила еден од осомничените, за кого се претпоставува дека е водач на групата што оперирала од почетокот на оваа година. Бандата, чии членови биле специјализирани за обивање сефови,...

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...