fbpx

Дачиќ – Курц: Ако биде принудена, Србија ќе ја затвори границата со Македонија

-

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска соопшти дека Србија ќе биде принудена да ја затвори границата со Македонија доколку одредени земји од балканската рута ги затворат границите.

Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, нагласи дека мигрантите не може да бидат стационирани во Србија.

– Важно е земјите меѓусебно да се информираат во врска со мигрантите и да нема изненадувања, туку да постои предвидлива политика – рече Дачиќ.

Австрискиот министер нагласи дека неговата земја не може неограничено да прима бегалци, повторувајќи дека горната граница за прием на бегалци во Австрија годинава е 37.500.

– Ако поставиме јасни граници за прифаќање, долж западнобалканската рута ќе се создаде нова ситуација, а целта е да се запрат бегалците на грчко-македонската граница – рече шефот на австриската дипломатија.

Курц соопшти дека официјална Виена планира да испрати одреден број војници на грчко-македонската граница.

– Не верувам дека масата бегалци сега ќе сака да остане во Србија, туку бегалците помалку ќе се движат по овој пат кога ќе видат дека се сменила политиката на отворени врати. Од клучно значење е да го смениме тој пристап – рече Курц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...