fbpx
Таг: австрија

таг: австрија

Австрија: Уапсени сириски тинејџери осомничени за тероризам

Австриската полиција на 17 декември уапсила двајца сириски тинејџери во бегалски камп во градот Лебринг, под сомневање дека се поврзани со терористичката организација Исламска држава, јавуваат денеска локалните медиуми. Обвинителството во Грац соопшти дека уапсените се браќа, на возраст од 16 и од 18 години и оти се наоѓаат во притвор. Апсењето доаѓа по дојава на германските власти, кои добиле информации...

Австрија ќе подигне ограда на границата со Словенија

Австрија ќе подигне ограда долж својата граница со Словенија, најави денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер. - Станува збор за уредно, контролирано влегување во нашата земја, а не за затворање на границата – рече Микл-Лајтнер, додавајќи дека Австрија мора да преземе мерки во слуачј на влошување на ситуацијата. Министерката наведе дека во последните денови е забележано оти одредени групи...

Илјадници бегалци пешачат од Словенија кон Грац

Илјадници бегалци неконтролирано влегоа од границата на Словенија во Австрија. Новодојдените бегалци се споија со тие што веќе беа на територијата на Австрија, формираа колона од повеќе од 5.000 луѓе и почнаа пеш да се движат кон Грац. Властите велат дека полицијата цел ден се обидувала да воведе некаков ред на границата, но нивните обиди биле безуспешни. - Постои голем ризик за бегалците,...

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на...

Словенија дневно ќе прима по 2.500 бегалци, Хрватска бара двојно повеќе

Словенија ќе дозволи во земјата дневно да влегуваат само 2.500 мигранти, што е двојно помалку од бројот што го бара Хрватска, јавуваат медиумите. Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, денеска изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица, пренесува „Би-Би-Си“. Голем број мигранти,...

Словенечката војска ќе ѝ помага на полицијата околу приемот на бегалците

Словенечката војска ќе биде вклучена и ќе помага во организирањето на бегалците кои од Хрватска влегуваат во земјата, откако Унгарија ноќеска на полноќ со бодликава жица ја затвори зелената граница со Хрватска и го запре протекот на мигранти на нејзина територија, соопшти денеска словенечкиот премиер Миро Церар. „Владата донесе одлука да ја вклучи војската, која ќе ѝ помага на полицијата“,...

Управен суд на Австрија: Унгарија веќе не е безбедна држава

Управниот суд на Австрија оцени дека Унгарија веќе не е безбедна држава за давање азил на бегалците. „Состојбата во Унгарија, од октомври минатата година, значително се смени, поради огромниот наплив на бегалци. Таа околност, со конкретните критики на условите за прием на азилантите во Унгарија, води кон оцена дека Унгарија не е безбедна за поднесувачите на барање за добивање азил“,...

И Австрија воведува контрола на границите

Австрија ќе воведе привремени гранични контроли, соопшти денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер. Таа истакна дека Виена, исто како и Германија, поради актуелната бегалска криза, ќе воведе „привремени гранични контроли“. Микл-Лајтнер, која престојува во Брисел, објасни дека за тоа веќе е информирана и Европската комисија. - Ние ќе дејствуваме како Германија – рече таа. Австриската министерка рече дека граничните контроли ќе...

Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ. - Причината е приливот на бегалци што го очекува полицијата – се наведува во изјавата и се додава дека сообраќајот од другата страна го запрела Унгарија. Засега не се...

Чешка испрати дополнителни сили на границата со Австрија

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека неговата земја испратила дополнителни полициски сили на границата со Австрија за да го ограничи бројот на бегалци што влегуваат во Германија. - Мерката е воведена за да се спречи кршење на законите и на правилата во шенгенската зона - рече Соботка, додавајќи дека чешката влада редовно ја проценува ситуацијата и доколку биде потребно, ќе воведе нови мерки. Чешка го заостри обезбедувањето...

Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија

Австрија утринава го затвори автопатот А4 на границата со Унгарија од безбедносни причини, додека десетина мигранти пеш се движат по патот кон Виена, соопшти портпаролот на полицијата во источната област Бургенланд. Околу 8.000 лица вчера влегоа во Австрија, а дополнителни 3.600 по полноќ, соопшти портпаролот.

Австрија ќе ги затвори границите за бегалци

Австрискиот канцелар најавува дека неговата земја ќе почне со затворање на границите откако викендов се соочи со наплив од 12.000 на бегалци, јавува британскиот весник „Индепендент“. Вернер Фајман рече дека мора да бидат укинати мерките договорени меѓу Австрија и Германија за прифаќање голем број бегалци од Унгарија. - Им помогнавме на повеќе од 12.000 лица во актуелната ситуација. Сега мораме, чекор...

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани со аплаузи од локалните жители,...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници. Бегалците со посебен...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Полициите на Македонија, Србија, Австрија и на Унгарија потпишаа меморандум за справување со мигрантската криза

„Како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со земја-членка на Европската унија“, истакнал министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната министерска средба во Охрид, посветена на мигрантската криза, и додал дека за „успешно долгорочно справување со оваа состојба, неопходно е итно...

Утре средба на министрите за внатрешни на Македонија, Србија и на Австрија за мигрантската криза

Утре, 4 септември, во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, ќе се одржи средба на министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија и на претставник на Министерството за внатрешни работи на Унгарија на која ќе се разговара за мигрантската криза. Како што информираат од МВР, на средбата, министрите Митко Чавков, Јохана Микл-Лајтнер и Небојша Стефановиќ и заменичката на државниот...

Микл-Лaјтнер предупредува на можен неуспех на ЕУ

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лaјтнер, денеска предупреди на опасност од неуспех на ЕУ во врска со проблемите со бранот бегалци и додаде дека подигнатиот ѕид на унгарско-српската граница не ја претставува нејзината замисла за Европа. - Поради тешката состојба на Блискиот Исток и во Африка, бегалци ќе има уште неколку години – истакна Микл-Лајтнер во интервју за...

Австрија: Со воз од Будимпешта во Виена пристигнале 3.650 бегалци

Во Виена вчера со воз пристигнаа 3.650 бегалци од Будимпешта, соопшти денеска австриската полиција. Тоа е рекорден број мигранти кои стигнале во Виена во еден ден. Унгарските власти им дозволиле на бегалците да влезат во возот за Виена, иако многу од нив немале визи. Портпаролот на австриската полиција, Патрик Мајерхофер, рече дека властите во Австрија ги евидентираат доколку има поднесувачи на барање за...

Австриските засилени контроли на границите создадоа 20-километарска колона

Австрија ги засили контролите на источните граници, соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Џоана Микл-Лајтнер, откако 71 мигрант се задушија минатата недела во камион на австриски автопат, кој пристигнал од Унгарија. - Отсега ќе спроведуваме контрола на сите гранични премини на истокот, прегледувајќи ги сите возила што имаат место за шверцување луѓе – вели Џоана Микл-Лајтнер за радио ОРФ. Австрија на исток...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...