fbpx

Полициите на Македонија, Србија, Австрија и на Унгарија потпишаа меморандум за справување со мигрантската криза

-

„Како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со земја-членка на Европската унија“, истакнал министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната министерска средба во Охрид, посветена на мигрантската криза, и додал дека за „успешно долгорочно справување со оваа состојба, неопходно е итно синхронизирање на националните чекори и преземање заеднички, на сите засегнати земји од регионот“.

На средба, на која учестуваа министрите на Австрија и на Србија, Јохана Микл-Лајтнер и Небојша Стефановиќ, и заменикот на државниот секретар на унгарското МВР, Кристина Берта, е потпишан меморандум за разбирање, кој, како што соопштуваат од МВР, е „посветен на чекорите кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција која ги засега овие земји“.

„Начинот на кој во моментов Македонија се справува со овој предизвик чини многу пари и е од национален карактер. УНХЦР, ИОМ, Црвениот крст, домашните невладини организации даваат значителна помош во згрижувањето на мигрантите и во обезбедувањето хуманитарна и медицинска помош, но како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и, од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со земја-членка на ЕУ. За успешно долгорочно справување со оваа состојба, неопходно е итно синхронизирање на националните чекори и планирање и преземање на заеднички чекори, на сите засегнати земји од регионот“, рекол на средбата Чавков.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, ја истакнал неопходноста од наоѓање план за прифаќање на мигрантите од Европската унија. Според Стефановиќ, меморандумот што денеска го потпишале е еден чекор повеќе во решавање на трауматичниот пораст на бројот на мигранти, кој во однос на транзитот низ неговата земја досега изнесувал повеќе од 115.000 мигранти.

Австриската министерка Микл-Лајтнер ја оценила како неспорна потребата од заеднички настап на сите земји и од вложување максимални напори за решавање на проблемот со бегалската криза.

„Меморандумот за разбирање меѓу полициите на Македонија, Австрија, Србија и на Унгарија, тргнувајќи токму од потребата за заеднички настап во однос на кризата и нејзиниот понатамошен развој, отвора нови можности за конкретна оперативна и друга соработка на полициите на земјите потписнички“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...