fbpx

Бегалците заглавени на границите поради дневните квоти на Австрија и на Словенија

-

Одлуката на Австрија и на Словенија дневно да примаат ограничен број бегалци, предизвика метеж и напнатост на хрватско-српската граница, каде илјадници мигранти со часови чекаат да го продолжат патот кон западноевропските земји, јавуваат светските агенции.

Во Србија во моментот се наоѓаат повеќе од 10.000 бегалци, кои поради ограничувањата не можат да го продолжат патот кон запад, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

„Проблемот очигледно е домино-ефектот. И Словенците и Австријците примаат помалку бегалци, поради што и Хрватска почна да прима помалку, а бројот на луѓе што доаѓаат не се намалува“, изјавила портпаролката на УНХЦР, Мелита Шуњиќ.

Шуњиќ нагласила дека екипите на УНХЦР на српско-хрватската граница во моментот се соочуваат со недостиг од храна, ќебиња, медицинска опрема и од други средства за помош на бегалците.

Мате Граниќ, претседателот на оперативниот тим на хрватската претседателка за прашања поврзани со бегалската криза, денеска изјавил дека Хрватска мора да ја затвори зелената граница со Србија доколку не сака да стане собирен центар за бегалците.

Словенечкиот државен секретар за внатрешни работи, Боштјан Шефиц, вчера изјави дека Словенија не може да го прифати барањето на Хрватска за прием на 5.000 мигранти бидејќи дневниот лимит на Австрија бил 1.500 лица, пренесе „Би-Би-Си“.

Инаку, актуелната ситуација со протекот на мигранти по т.н. балканска рута настана откако унгарските власти ноќта меѓу петокот и саботата минатата недела, ја затворија зелената граница со Хрватска, недозволувајќи им влез на бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...