fbpx

Управен суд на Австрија: Унгарија веќе не е безбедна држава

-

Управниот суд на Австрија оцени дека Унгарија веќе не е безбедна држава за давање азил на бегалците.

„Состојбата во Унгарија, од октомври минатата година, значително се смени, поради огромниот наплив на бегалци. Таа околност, со конкретните критики на условите за прием на азилантите во Унгарија, води кон оцена дека Унгарија не е безбедна за поднесувачите на барање за добивање азил“, оцени судот.

Во одлуката се укажува и на кршење на Европската конвенција за човекови права и на Повелбата на ЕУ за основните права, кои забрануваат нехуман и понижувачки однос.

Поради прекршување на одредбите од овие документи, Судот констатирал дека е недозволиво Унгарија да ги протерува поднесувачите на барања за добивање азил врз основа на Даблинските правила.

Надлежните власти мораат поради таа одлука детално да ја анализираат актуелната состојба во Унгарија и да проведуваат дали е можна примена на Даблинските правила за поднесувачи на азил во Австрија, кои доаѓаат од Унгарија.

Управниот суд расправал по ова прашање врз основа на жалбата на една авганистанска бегалка, која во Австрија дошла со малолетно дете, а која се бори против протерување во Унгарија. Таа минатата година во октомври побарала азил во Унгарија, а потоа дошла во Австрија.

Надлежните власти наложиле протерување бидејќи Унгарија е надлежна за доделување азил според Даблинскиот договор 3.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...