Виена може да остане без новогодишна прослава поради терористички опасности

Австрискиот главен град Виена би можел да остане без новогодишна прослава, поради опасност од тероризам, јавуваат локалните медиуми.

Весникот „Остерајх“ јавува дека разузнавачките служби предупредуваат дека постои опасност од терористички напади за време на масовни манифестации, вклучувајќи ја и прославата „Новогодишна патека“, во која секоја година учествуваат околу 700.000 луѓе.

– Засега нема конкретна закана, но не се исклучува можноста за целосно откажување на манифестацијата, изјави портпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер.