fbpx
Таг: авиони

таг: авиони

Руските авиони уништиле 72 терористички мети во Сирија

Руските воздухопловни сили уништиле 472 терористички мети во Сирија во последните 48 часа, стои во дневниот извештај на руското министерство за одбрана. Како што јавува „Раша тудеј“, целите се уништени во вкупно 141 напад. Руското воздухопловство дејствувало во провинциите Алепо, Дамаск, Деир ез-Ора, Хама, Хомс, Идлиба, Латакија и Рака. Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, соопшти дека сите руски авиони...

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија. Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и Австрија и Швајцарија, кои не...

Руската војска бомбардираше област кај Палмира

Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска држава. Според сириската опсерваторија за човекови права, во нападите е погоден познатиот антички град што е под заштита на УНЕСКО и чиишто делови екстремистите претходно уништија. Руското министерство, пак, соопштило дека во предградие на Алепо...

Сирија: Руските воздушни сили ракетирале болница во Сармин

Во руските воздушните напади на северозападот на Сирија, во провинцијата Идлиб, е ракетирана болница, при што загинале 12 лица, меѓу кои има и медицински персонал. Според соопштението на Опсерваторијата за човекови права, нападот се случил завчера, во градот Сармин. Сириско-американското здружение на својата фејсбук-страница соопшти дека болницата била мета на напад при кој загинале двајца медицинари и оти објектот е тешко оштетен....

Турски авиони собориле неидентификувано летало близу границата со Сирија

Турските власти денеска соопштија дека нивни борбени авиони собориле неидентификувано летало што го нарушило воздушниот простор на земјата, близу границата со Сирија, јавува „Би-Би-Си“. Според медиумските извештаи, во кои се цитираат изјави на турски официјални лица, станувало збор за беспилотно летало, но повеќе детали за случајот засега не се соопштуваат. Инаку, како што е познато, покрај сириската влада, со беспилотни летала оперираат и...

Москва: Нападнати позиции на Исламска држава

Руски воени авиони извршиле 41 лет во Сирија во последните 24 часа и гаѓале 40 мети на Исламска држава, соопшти руското министерство за одбрана. - Руското воздухопловство уништи работилница во близина на Алепо, што терористите ја користеле за правење експлозивни направи за бомбаши-самоубијци - рече портпаролот на министерството за одбрана, Игор Конашенков. Тој додаде дека милитантите планирале да употребат автомобили за поставување бомби...

Сирија го попречувала летањето на турските воени авиони

Два сириски авиона и ракетен систем земја-воздух од база во Сирија го попречувале летот на три турски авиони „Ф16“ кои патролирале на турско-сириската граница, соопшти денеска турската војска. Турските авиони вчера исчезнале на две минути од радарот како последица на пречките од ракетниот систем, а поради сириските авиони „СУ-22“ и „СУ-24“ две минути и 35 секунди летале под радарот. Турција минатиот...

Руски авиони бомбардирале подрачје на западот на Сирија

Руски борбени авиони денеска бомбардирале подрачје во Западна Сирија, а силна експлозија го потресла упориштето на Исламска држава на северот на земјата, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Авионите гаѓале подрачје во провинцијата Латакија, како и во провинцијата Хама. Засега нема информации за жртви. Сириската државна телевизија јави дека во нападите на владините сили убиени се голем број терористи. Опсерваторијата соопшти дека...

За овие девет месеци, 20 проценти поголем број на патници за разлика од лани

Вкупно 1.183.728 патници патуваа на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од годинава, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот период лани. - За разлика од аеродромите во Европската унија, каде во август просекот за пораст на број на патници е 5,2 проценти, ние бележиме пораст од 30 проценти...

Состанок на НАТО поради повредата на турскиот воздушен простор

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, на состанок во Брисел ќе разговараат за воениот ангажман на Русија во сириските судири. Состанокот е свикан откако Турција предупреди дека руски воени авиони продреле во нејзиниот воздушен простор и се очекува другите членки на Алијансата да ја изразат својата солидарност со Анкара. На состанокот ќе стане збор и за зголемената загриженост меѓу балтичките...

Москва: НАТО почна медиумска војна

Инцидентот во кој руски авиони случајно го повредиле воздушниот простор на Турција е искористен за НАТО да се вклучи во медиумска војна против руските антитерористички операции во Сирија, изјави рускиот амбасадор во НАТО, Александар Грушко. - Кампањата има цел да ја наруши и да ја искриви претставата за целите на операциите што руските воздухопловни сили ги спроведуваат во Сирија – рече Грушко, додавајќи...

НАТО: Кршењето на воздушниот простор на Турција е „неприфатливо“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека кршењето на воздушниот простор на Турција од страна на Русија е „неприфатливо“. Турски ловци „ф-16“ во саботата пресретнале руски борбени авиони, кои влегле во турскиот воздушен простор над границата со Сирија и ги принудиле да се вратат назад, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Анкара, исто така, побара од Русија да...

Руски авиони во турскиот воздушен простор

Руски борбени авиони во саботата влегле во турскиот воздушен простор, поради што Турција испратила два авиона, тип „ф-16“ да ги пресретнат, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата. Турското министерство го повикало на разговор рускиот амбасадор за да му врачи протест поради нарушување на воздушниот простор, стои во соопштението. Официјална Анкара ја повика Москва да избегне повторување на ваквите ситуации или...

„Лекари без граници“ ја напуштија бомбардираната болница во Кундуз

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ се повлече од болницата во авганистанскиот град Кундуз, по воздушните напади на американската авијација во која загинаа повеќе доктори и пациенти. Директорката на прес-службата, Кејт Стегман, рекла дека некои членови на нивната организација се префлиле да работат во други здравствени установи во истиот град, каде и понатаму се водат борби. Од „Лекари без граници“ ги обвинија...

Русија ги засили нападите врз Исламска држава

Руски борбени авиони во текот на ноќта извршиле 20 летови и нападнале 10 објекти на Исламска држава во градот Ал Табка. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионите од видот „су-34“ ги нападнале тренинг-центарот на џихадистите и нивното складиште за муниција. - Резултат на тоа е голема експлозија во складиштето, а центарот за обука е целосно уништен – наведе портпаролот Игор...

Русија ќе испрати воздухопловни сили во Сирија

Горниот дом на рускиот Парламент денеска со 162 гласа „за“ го одобри барањето на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на вооружените сили на Русија во Сирија, соопшти шефот на претседателската администрација, Сергеј Иванов. Русија, на барање на сирискиот претседател Башар ал Асад, ќе испрати воздухопловни сили во Сирија за борба против Исламска држава. Иванов истакна дека операцијата на руското воздухопловство...

Москва воведе забрани за украинските авиокомпании

Руското министерство за сообраќај вчера им забрани на украинските авиокомпании да летаат во Русија, што е договорено на минатонеделната одлука на Украина да воведе иста таква забрана за руските компании. Заемната забрана, која ќе стапи на сила на 25 октормври, е најнов показател за заострување на тензиите меѓу двете земји, поради поддршката на Москва на проруските сили во Украина. Иако интензитетот...

Кина купува 300 авиони од „Боинг“

Кинески компании и американскиот произведувач на авиони „Боинг“ склучиле договор за купување 300 авиони и за изградба на фабрика за склопување авиони во Кина, јави денеска кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Договорот за купување авиони е потпишан откако кинескиот претседател Кси Ѓинпинг допатува во прва официјална посета на САД. Во извештајот на агенцијата не се наведува ниту вредноста, ниту на моделот на...

Лавров: Руски авиони носат опрема и помош за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека руски авиони кои летаат во Сирија, на земјата ѝ испорачуваат воена опрема и хуманитарна помош, не коментирајќи ја загриженоста на САД и на НАТО дека руските сили почнале да учествуваат во операциите во Сирија. Русија го поддржуваше претседателот на Сирија, Башар ал Асад, во текот на четиригодишната граѓанска војна во...

Турската авијација нападна позиции на ПКК

Турската војска соопшти дека нејзините борбени авиони гаѓале позиции на припадниците на Работничката партија на Куридстан (ПКК) откако милитантите во еден напад убија 16 турски војници. ПКК објави дека убила 15 војници во вчерашниот напад во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Еден безбедносен извор соопшти дека се убиени 16 припадници на вооружените сили. Две оклопни возила се оштетени...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...