fbpx
Таг: авиони

таг: авиони

Турски авиони бомбардираа курдски бунтовници

Турската војска денеска соопшти дека нејзините борбени авиони нападнале позиции на курдските бунтовници, како одговор на нападот на нејзините војници во близина на границата со Ирак. Во соопштението се наведува дека курдските екстремисти отвориле оган врз турските војници, поради што реагирала авијацијата во провинцијата Сирнак. Размената на огнот дополнително ги затегна тензиите меѓу турската влада и Курдската работничката партија (ПКК). Турскиот претседател...

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Формација од шест турски ловци упаднала во воздушниот простор на Грција над Егејско Море, јави порталот „Ер њус“, повикувајќи се на преставници од грчкото министерство за одбрана. Како што пренесува телевизијата „Раша тудеј“, турски воени авиони приближно 20 пати ја преминале границата на воздушниот простор на североистокот, во центалниот и во југоисточниот дел на Егејско Море. Според информациите што ги пренесува „Ер њус“, две...

Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

Летовите на британскиот аеродром во Манчестер на кратко биле суспендирани по информацијата дека во таа област се појавило беспилотно летало – дрон. Како што соопшти управата на аеродромот, некои појдовни летови се одложени, неколку дојдовни летови се пренасочени, а една писта е затворена, додека хеликоптерот на полицијата ја проверувал информацијата за појавата на дронот кој сè уште не е пронајден.

Германските контролори бараат далечинско управување со авионите

Германската контрола за летање ја повика авионската индустрија да ја разгледа можноста за развој на технологии што би овозможиле во вонредни ситуации, далечински, од земја, да се преземе управувањето со патнички авион за безбедно да се приземји. Апелот на експертите за безбедност во авиосообраќајот доаѓа по авионската несреќа во која пилотот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, намерно го урна авионот...

Француските контролори за летање ги приземјија авионите

Околу 40 отсто од летовите во Франција денеска се откажани поради почеток на дводневниот штрајк на контролорите на летање. Како што јавуваат француските медиуми, синдикатот на вработените во цивилното воздухопловство е незадоволен од условите за работа и од возраста за заминување во пензија, која од 67 е зголемена на 69 години. „Ер Франс“ соопшти дека штајкот, сепак, не влијае врз прекуокеанските...

Бугарски авиони би можеле да го контролираат небото над Македонија?

Бугарија може да ја преземе воздушната контрола над Македонија кога земјата ќе влезе во НАТО и ако Алијансата ѝ ја довери оваа задача, пишува бугарскиот портал „Вести“, повикувајќи се на порталот „Прес“. Официјална Софија би можела да ја преземе ваквата задача доколку набави нови повеќенаменски борбени авиони и доколку Македонија се согласи Бугарија да ја преземе безбедноста на нејзиното небо. Како...

Пет авионски несреќи последица на пилотски самоубиства

Капетанот Андреас Лубиц, за кој се претпоставува дека намерно го урнал авионот на „Џерманингс“ на француските Алпи, убивајќи се себеси и уште 149 лица, не е единствениот пилот што направил таков злостор. Американската телевизија „Ен-Би-Си њуз“ наведува дека во авионската историја постојат уште неколку такви случаи кога пилотот, сакајќи да се самоубие, во смрт ги однел сите патници и членови на...

Нови правила – во кокпитот постојано ќе има два пилота

Уривањето на авионот на „Џерманвингс“ ги натера менаџментите на европските авиокомпании да воведат нови безбедносни правила за да се зголеми заштитата на патниците и на екипажот. Први авиокомпании кои утринава почна да ги применуваат новите кабински правила се норвешката нискобуџетна „Норвежиан ер шатл“, „Ер Канада“, „Еизиџет“ и „Ер Берлин“, во согласност со кои во кабината мора постојано да има два пилота. Новите...

САД: Снежното невреме предизвика хаос во авиосообраќајот

Повеќе од 1.600 летови се откажани од аеродромите на североистокот на САД поради снежната бура што го зафати овој дел од земјата. Како што јавуваат американските медиуми, поради невремето доцнеле 5.000 летови, а најпогодени се аеродромите во Њујорк и во Филаделфија. Ова е петта снежна бура што ги зафати САД, а според метеоролозите, невремето ќе се задржи до вторник.

Босна и Херцеговина повеќе нема летови за Белград

Поради финансиска криза, единствената авионска компанија од БИХ, „БХ ерлајнс“, ги откажа летовите за Белград. ­ Летовите за Белград се одложени од минатата недела, а неизвесно е дали авионите за Белград ќе летаат идната недела. Оваа компанија неодамна ја откажа и линијата Сараево - ­Истанбул.

Охрид со директни авиолинии до Лондон, Базел и до Истанбул

Локалната самоуправа од Охрид ги реализираше најавите за субвенционирање на евтини авионски летови, за што претходно беше распишан јавен конкурс. Градоначалникот Никола Бакрачески информираше дека покрај претходно договорената директна авиолинија од Охрид кон Базел, од 1 јули годинава стартува и директна авиолинија Охрид- Лондон. - Избран е најповолниот понудувач за воспоставување директна авиолинија Охрид - „Лутон“ (Лондон), од 1 јули...

Субвенционирани авиолетови од Охрид до лондонскиот аеродром „Лутон“

Советот на Оопштина Охрид на денешната седница ја усвои одлуката за субвенционирање евтини авиолетови од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Средствата се лимитирани на 36 милиони денари и ќе се исплаќаат директно од буџетот на Општина Охрид, на четири рати, и тоа во 2015 година ќе бидат исплатени шест милиони денари , во 2016 и во 2017 - 12 милиони и во...

Косово со жалба против Македонија за субвенционирање авиобилети

Жалба против Македонија пред Европската комисија покренала косовската влада поради субвенционирањето авиобилети. Според жалбата, Македонија ја нарушува конкурентноста предвидена со европските правила, а од косовската Служба за цивилна авијација очекуваат жалбата да добие позитивна разврска.  

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот Ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и...

Повторно авонски линии Белград – Загреб

Белград и Загреб повторно ќе се поврзат со воздухопловна линија, а авионите на „Ер Србија“ на новата линија ќе сообраќаат двапати дневно. Српската национална компанија најави дека линијата ќе биде воспоставена на 12 декември. Летовите од Белград за Загреб ќе бидат во 7:35 и 18:20, а од Загреб за Белград во 10:05 и 20:40 часот. Повратниот билет за првиот лет закажан на 12...

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби. Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“ чин. НАТО соопшти дека неделава е забележан „невообичаен“ зголемен број на такви летови. Тензиите меѓу Русија...

НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

Четири групи руски авиони изминативе два дена го нарушиле меѓународниот воздушен простор во близина на границата со Европска Унија, реагираат од НАТО. - Се работи за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор - наведено е во соопштението од штабот на алијансата во Монс, Белгија. Оттаму тврдат дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и од авиони за снабдување со гориво. НАТО овие...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...