fbpx

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

-

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија.

Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и Австрија и Швајцарија, кои не се членки на НАТО.

– Воените вежби на југот на Европа се најголеми во последните 13 години и претставуваат предупредување за сите потенцијални противници, вклучувајќи ја и Русија. НАТО се прилагодува на новата нестабилност и се подготвува за насилствата што се случуваат на Блискиот Исток и на северот на Африка – изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...