fbpx

Руски авиони бомбардирале подрачје на западот на Сирија

-

Руски борбени авиони денеска бомбардирале подрачје во Западна Сирија, а силна експлозија го потресла упориштето на Исламска држава на северот на земјата, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Авионите гаѓале подрачје во провинцијата Латакија, како и во провинцијата Хама. Засега нема информации за жртви.

Сириската државна телевизија јави дека во нападите на владините сили убиени се голем број терористи.

Опсерваторијата соопшти дека силна експлозија потресла зградата во градот Баб, на северот на Сирија, која е под контрола на Исламска држава. Засега не е позна причината за експлозијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...