fbpx

Вељаноски: Политичките разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања

-

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска во говорот на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание повика на обединување, национален и државен консензус, одговорност и самостојност во решавање на проблемите.

– Политичките разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања, а потребно е уште поголемо ангажирање во остварување на целта за интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија – рече претседателот на Собранието.

Вељаноски, говорејќи за политичките предизвици, рече дека самите треба да си ги решаваме проблемите, додавајќи дека „високо ја цениме помошта од меѓународни пријатели во овие моменти и им благодариме за нивната вклученост и поддршка“.

– Македонија беше создадена за да биде држава, а не за да биде протекторат. Да ги решиме отворените прашања заеднички со помош на нашите меѓународни пријатели, за да не ни се повторуваат овие нешта во иднината. Да излеземе посилни и поединствени од оваа криза! Да ги зајакнеме темелите за да може Македонија да излезе уште поцврста и уште подемократска држава. Кога веќе се доведовме во состојба да ни биде потребна помош од страна, да го искористиме тоа за да ги надминеме нашите слабости. Во оваа криза треба да ја најдеме шансата за Македонија. Шанса, која ќе нѐ направи подемократски, поединствени, пообединети и поблиски до НАТО, до ЕУ и до САД – рече Вељаноски, додавајќи дека Македонија има сила да го надмине политичката криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На вебинар за „сајбер чистка“ ќе дознаете како да се брише „дигиталната прашина“

Живееме во време кога да се одржува сајбер хигиена е исто како да се одржува лична хигиена. Taa мора редовно да се одржува, а веќе кога ќе премине во...