fbpx

„Лекари без граници“ ја напуштија бомбардираната болница во Кундуз

-

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ се повлече од болницата во авганистанскиот град Кундуз, по воздушните напади на американската авијација во која загинаа повеќе доктори и пациенти.

Директорката на прес-службата, Кејт Стегман, рекла дека некои членови на нивната организација се префлиле да работат во други здравствени установи во истиот град, каде и понатаму се водат борби.

Од „Лекари без граници“ ги обвинија САД и нивните воздушни напади за 19 загинати и за 37 повредени лица при вчерашното бомбардирање на болницата.

Од хуманитарната организација демантираа дека талибански борци од нивниот објект се бореле против авганистанските борци и силите на НАТО.

Талибанците го зазедоа Кундуз минатиот понеделник, но во меѓувреме се повлекоа од поглемиот дел на градот поради контранападите што ги спроведе официјален Кабул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...