fbpx

Москва воведе забрани за украинските авиокомпании

-

Руското министерство за сообраќај вчера им забрани на украинските авиокомпании да летаат во Русија, што е договорено на минатонеделната одлука на Украина да воведе иста таква забрана за руските компании.

Заемната забрана, која ќе стапи на сила на 25 октормври, е најнов показател за заострување на тензиите меѓу двете земји, поради поддршката на Москва на проруските сили во Украина.

Иако интензитетот на борбите меѓу сепаратистите и украинските војски се намалени, сепак решение на конфликтот сè уште не е ниту на повидок.

Од почетокот на судирите во април минатата година, во Украина, според процените на ОН, загинале 8.000 лица.
Украина минатата недела најави дека ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони што носат воена опрема.
Руските медиуми јавуваат дека вчерашната одука на Москва не содржи таква одредба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...