Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Недоследна изјава на Азманов: Прво му се гади од корупција, па не му се гади!

„Вистиномер“ ја оцени како „недоследна“ изјавата на бизнисменот Зоран Азманов поврзана со корупцијата, дадена во интервју за порталот „Фактор“. - Во последно време, имам чувство дека сакаат да не елиминираат нас, односно „Настел“ па и „Адора“ дека наводно ние сме го поткупиле поранешниот градоначалник на Карпош. Сакаат да не елиминираат како фирми поради наводна корупција на градоначалник што тврдам дека...

Тенка е линијата меѓу говорот на омраза и слободата на изразување

Во Кривичниот законик има сосема доволно толкувања и санкции и за омразата и за говорот на омразата и за кривичните дела кои настануваат од омраза. Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и говорот на омраза, пишува „Вистиномер.мк“. Со последните измени и дополнувања на Кривичниот законик, извршени на крајот од...

Известување при несреќи – факти, а не емоции

Лесно е да критикувате седнати дома пред телевизор како известуваме, но не прашувате ли како ни е нас, кои работевме на студ, во тешки услови, во ситуација кога има многу луѓе околу тебе, во моменти на жал, а притоа да не згрешиме. Имаше грешки, ама тие беа направени од брзање, од трема, од емоции, и од потребата да се...

„Вистиномер“: Како Мира „Дизел“ го засени НАТО

Ако се гледа според бројот на наслови по интернет медиумите пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, дебело ги засени сите настани изминативе неколку дена. Пратеничката позната во јавноста како Мира „Дизел“, целосно ги преклопи исклучително важните случувања за нашата држава , какви што се: официјалното стапување во употреба на новото име на земјата – Република Северна Македонија и свеченото кревање...

Партиските вработувања не можат да се оправдаат

Изјавата на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, со која тој сака да ги оправда вработувањата на личности блиски до функционерите од власта, „Вистиномер“ ја оцени за недоследна. Да се правда непотизмот на власта при вработувањето на блиските роднини и партиските кадри, со образложение дека „десет години членовите и симпатизерите на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што...

Возачот починал од срцев удар, а не од пад во рудникот, реагираат од „Бучим“

Раководството на рудникот „Бучим“, каде претпладнето почина нивен вработен, реагираше на непроверени информаци и претпоставки во некои од медиумите во Македонија, коишто пренесоа дека човекот починал по пад во рудникот. Меѓутоа, 50-годишниот Љупчо Наков, кој работел како возач во рудникот, починал од интензивен срцев удар. Тој се  струполил на земја додека на колега му покажувал каде да се движи цистерната...

Гордана Силјановска-Давкова: Противничката на Договорот од Преспа како можен кандидат за претседател

Деновиве доста се дискутира околу можноста Правниот факултет при УКИМ одново да даде кандидат за станар во претседателската вила на Водно, откако актуелниот Ѓорѓе Иванов почнува да си ги пакува своите лични предмети, заради завршување на претседателскиот мандат. Имено, се говори за тоа дека не само локацијата од каде се бира нов носител на највисоката функција во државата е...

Влатко Ѓорчев со претседателски амбиции и политички стаж без криминален багаж

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко  Ѓорчев, е првиот кој се охрабри јавно да ги соопшти своите амбиции да влезе во битката за шеф на државата. Тој уште пред една недела (23.01.2019), објави дека се пријавил на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, кој трае до денеска, пишува „Вистиномер“. Ѓорчев е дипломиран политиколог, кој во август минатата година наполни 40 години и...

Измислена злоупотреба на државни пари

Написот не избира средства и начини како да го нападне премиерот Зоран Заев. За тоа дури користи и членови на неговото семејство. Заради одредена пропагандистичка цел, написот измешал загадување на воздухот, болни деца, државни пари, со премиерот Зоран Заев и неговата ќерка. Нема никаква поврзаност помеѓу големото загадување на воздухот, кое е факт, и одморот на премиерот со семејството во...

Грчки славист глув за лингвистичката реалност на македонскиот јазик

Извесен Маркус А. Темплар, славист и долгогодишен разбивач на шифри, шифрант и советник на Армијата на САД, како и на безбедносни агенции на САД, а најпознат како советник за национална безбедност на грчката „Македонска лига“, односно организација формирана исклучиво за борба против, како што велат „пропагандата на Скопје и неговиот експанзионизам“, во подолг есеј  се обидува да го прогласи...

Со помали глоби „поуспешно“ против корупцијата

Целосно новиот главен антикорупциски закон, и покрај значителните измени на подобро во однос на досегашниот, е со вградени фалинки добиени при последната амандманска расправа, особено во делот политички партии и незаконско финансирање. Зачудува и генерално намалената прекршочна политика, со значително помали суми за прекршоци од овој закон, пишува „Вистиномер“. Собранието на Република Македонија на 17.01.2019 година со 81 глас за...

Барање заговори по секоја цена

  На социјалните медиуми корисниците често знаат произволно да толкуваат официјални вести, информации и фотографии, а притоа не помалку често, од тоа да произлезат лажни вести. Таков е и случајот со објавата на социјалната мрежа „Твитер“, која е предмет на оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Филипче ја вакцинира внуката со игла со капаче… Датум и време на објавување: 11.1.2019 Датум на рецензирање: 15.1.2019 Рецензент: Симона Атанасова На оригиналната...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана,...

Каракачанов и новинарот во натпревар против Македонија со антиката и средновековјето

Во обемно интервју со Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, емитувано на 8 јануари на бугарската радиомрежа „Фокус“, новинарот изобилно ја користеше реториката на познатиот негатор на македонската нација дотолку што интервјуто изгледа како двајцата да се обединиле против Македонија. Односно, како Каракачанов да ги пишувал прашањата што новинарот...

Не може да има критика во една вест без да има докази

Никој не чита некоја вест за да го дознае мислењето на новинарот за неа. Вреднувањето на јавноста се гради врз информациите што таа ги добива за збиднување, поддржани од неколку извори на информации, но секогаш што е можно пообјективни. Во веста што ја рецензираме, нема докази, но има коментари и наводи. Линк до оригиналниот напис: Министерот кој што штедеше на кафе,...

Невистинито известување за нов германски закон за визи

Збунувачки напис што ја дезинформира јавноста и на читателската публика ѝ сервира погрешна слика дека е сменета процедурата за тие што сакаат да ја напуштат Македонија и да работат во Германија. На медиумите што го објавија овој текст извор им е некој наводен нов германски закон, кој стапува во сила од почетокот на годинава. Според овој, всушност, непостоен закон, медиумите тврдат дека...

Повеќе од 700 лаги во една година на насловните страници на три српски таблоиди

Во 2018 година, три српски таблоиди објавиле над 700 лаги на своите насловни страници, утврдил српскиот сервис „Раскрикавање“, кој е посветен на борбата против дезинформациите. На вкупно 306 насловни страници во 2018 година, таблоидот „Информер“ имал дури 351 дезинформација, односно непоткрепена вест. „Српски телеграф“ пак на насловните страници на 223 броја објавил дури 230 неточни или непоткрепени тврдења, додека „Ало“...

Воскреснувајќи го т.н. „Крвав Божик“ од 1945 г. во Македонија, бугарските медиуми го воскреснуваат националистичкиот мит

Голем број бугарски медиуми во понеделникот, на денот на одбележувањето на Божик во Македонија излегоа со потсетување на, како што велат, „Крвавиот Божик“ од 7 јануари 1945 година, кога на територијата на сегашна Република Македонија, а тогашна Демократска Федерална Македонија, биле убиени „1.200 Бугари“. За илустрација ќе го земеме текстот објавен од faktor.bg, каде покрај ова тврдење се зборува за...

Новинарот треба да одговори, а не да ги прашува читателите дали Богоев трошел народни пари во бордел

  Текстот што го рецензираме е манипулативен, полн со прашања, без ниту еден одговор. Целиот напис се базира на претпоставки со кои се прави обид да се убеди јавноста дека се вистинити.   Линк до оригиналниот напис: ТРОШЕЛ ЛИ БОГОЕВ НАРОДНИ ПАРИ ВО БОРДЕЛ?: Градоначалникот на Карпош ќе слави Нова година во Дубаи, посетил ли годинава бордел во Виена? Датум и време на објавување: 27.12.2018 Датум...

Никој нема право на свои факти: Тендер добиен преку е-аукција и во четири очи не е исто

  Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички и неточен. Во него се тврди дека „неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи“, но компанијата МЕПСО, преку која тој, наводно, ги добивал тендерите, ја демантира оваа вест. Од МЕПСО велат дека договорот бил склучен транспарентно согласно Законот за јавните набавки. Линк до оригиналниот напис: ПРВ СКАНДАЛ ВО 2019: Неформалниот...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...