fbpx

Известување при несреќи – факти, а не емоции

-

Лесно е да критикувате седнати дома пред телевизор како известуваме, но не прашувате ли како ни е нас, кои работевме на студ, во тешки услови, во ситуација кога има многу луѓе околу тебе, во моменти на жал, а притоа да не згрешиме. Имаше грешки, ама тие беа направени од брзање, од трема, од емоции, и од потребата да се обезбедат што повеќе информации. Ич не беа лесни вклучувањата во живо од оваа несреќа, колку и да речам дека имам искуство со известување од различни несреќи – напиша на Фејсбук новинар на една од телевизиите кои известуваа од собраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ на автопатот Скопје-Тетово, која загинаа 15 патници, а над 30 беа повредени, по низа коментари што ги прочитал на сметка на новинарите кои известуваа од несреќата, пишува „КриТинк“.

Оваа сообраќајна несреќа, со голем број жртви, повторно не наврати на прашањето, како треба да се постават медиумите во случаи кога известуваат за несреќи, а притоа да обезбедат избалансирано известување ослободено од сензационализам, шпекулации, да се почитува приватноста на настраданите и нивните семејства, да се почитува болката и жалоста, на што впрочем, упатуваат и  Кодексот на новинарите на Македонија и Прирачникот за етиката во новинарството.

Кодексот  предвидува и дека новинарите се „должни да ги почитуваат личната болка и жалост,“ (член 7),  па  оттаму не се препорачува во прв момент да објавуваат целосен идентитет на жртвите, во ситуација кога семејствата на настраданите сè уште не се официјално известени.

Во овој случај, при несреќата на патот Тетово – Скопје, како и во многу други ситуации,  дел од семејствата на настраданите од медиумите дознале дека настрадал нивни близок или на телевизија го препознале возилото на блиски роднини кое учествувало во сообраќајна несреќа што предизвикува стрес и шок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...