fbpx

Недоследна изјава на Азманов: Прво му се гади од корупција, па не му се гади!

-

„Вистиномер“ ја оцени како „недоследна“ изјавата на бизнисменот Зоран Азманов поврзана со корупцијата, дадена во интервју за порталот „Фактор“.

– Во последно време, имам чувство дека сакаат да не елиминираат нас, односно „Настел“ па и „Адора“ дека наводно ние сме го поткупиле поранешниот градоначалник на Карпош. Сакаат да не елиминираат како фирми поради наводна корупција на градоначалник што тврдам дека нема врска. Не знам за Чифлиганец иако сметам дека и тој сигурно не би поткупил никого. Но за мене со сигурност тврдам дека се гадам од таква помисла. Никогаш не би дал, ниту сум помислил да дадам поткуп – вели меѓудругото Азманов во интервјуто.

Изјавата на сопственикот на „Настел“, Азманов, во која тој вели дека „му се гади од самата помисла на  корупција“ и дека „никогаш не би дал, ниту  помислил да даде поткуп”, е контрадикторна и недоследна со тоа што тој го кажува подолу во интервјутоИмено, Азманов вели дека Ивица Конески додека бил градоначалникот на Општина Аеродром, наводно, му побарал пари да го спонзорира кошаркарскиот клуб МЗТ и тој му дал пари за клубот.

Повеќе за оцената на „Вистиномер“ за изјавата на Азманов, прочитајте на следниот линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...