fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Водата во тетовско Џепчиште е исправна за пиење

Водата за пиење во тетовското населеното место Џепчиште, кое беше зафатено со поплавите, е исправна за пиење, соопшти Министерството за здравство. „По извршеното чистење и дезинфекција на резервоарот, добиени се резултати дека водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување...

Вратите на Црвениот крст отворени за донација до 31 август

Општинската организација на Црвен крст Тетово, деновиве реализираше дистрибуција на донирана хуманитарна помош за оштетените семејства од подрачјата зафатени со невремето. За Голема и Мала Речица донирани се по 1.512 литри вода за пиење. За Шипковица донирана се 72 литри вода за пиење, пакети со храна, пакети со средства за хигиена и за дезинфекција, душеци, ќебиња, како и пакети со...

Поплавите во Тетовско ги загадија водоснабдувачките системи на Шар Планина

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа бактериолошка неисправност на селските водоводи на шарпланинскиот масив. Чиста вода за пиење освен во Непроштено и во Лешок, немаат ниту населените места во подножјето на Шар Планина. Поради ваквата состојба, Министерството за здравство советува да се користи пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење заби, миење и подготовка на...

Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50.000 евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. Во одлуката на албанската влада се вели дека се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени 50.000 евра. Шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати, на својот фејсбук-профил напиша: „Денеска...

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско. „Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем дел од селото. Речиси и...

Невремето во Тетовско може да донесе заразни болести

Институтот за јавно здравје по направениот увид во тетовскиот регион, констатирал дека невремето што го зафати Тетовско може да предизвика појава на заразни болести, пред сè, цревни заболувања. Според Институтот, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат ширење зараза кај населението. - Како прво, во тетовскиот регион има села кои се погодени од поплавите. Жителите од тие села се снабудваат со вода...

Тетовскиот регион сè уште парализиран од големото невреме

Магистралниот пат Тетово - Јажинце сè уште е непрооден поради големите наноси од камења и од земја, што ги донесе Поројска Река, во големотo невреме што го зафати Тетовско. Возилата се пренасочуваат по селскиот пат во Порој, каде се препорачува да се вози внимателно поради оштетените мостови. Од секторот за патишта при Општина Тетово, велат дека магистралниот пат ќе биде расчистен во текот на...

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

СДСМ: Не е време за критика туку за единство за побрза и поголема помош на граѓаните

Членовите на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, претседателот на комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески, заедно со членови на раководството на општинската организација од Тетово и советници во Советот на Општина Тетово од СДСМ, денеска беа со жителите на Тетово и на Тетовско. „Човечки жртви, огромни штети, наноси од камен, земја, кал и од дрва, искршени...

Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец. Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица. Во Голема и во Мала Речица во прекин е снабдувањето со вода. Жителите чекаат цистерни...

Владата денеска ќе одржи седница за невремето во Тетовско

По поплавите во Тетово, Владата денеска ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани состојбите по обилни врнежи во полошкиот и во пелагонискиот регион. Големото невреме што го зафати тетовскиот регион вчера однесе неколку жртви. Според информациите, загинаа петмина, а десетина луѓе се повредени. Полицијата потврди дека едно дете во Голема Речица е удавено од излеаните планински реки додека си...

Невремето во Тетовско однесе неколку жртви

Големото невреме што го зафати тетовскиот регион однесе неколку жртви. Полицијата потврди дека едно дете во Голема Речица е удавено од излеаните планински реки додека си играло во својот двор. Од ерозија на земја во селото Шипковица, според првични и неофицијални информации на полицијата, починале четири лица. Временската непогода што го зафати Тетовско, уништи и однесе повеќе мостови, а блокирани се неколку патни...

Одбележана 14-годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски

Помен-парастос за Цоки Стојановски, полицаецот што загина во конфликтот во 2001 година, денеска беше отслужен на градските гробишта во Тетово. Најблиските роднини и пријатели, неговите колеги од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, делегација составена од претставници на Секторот за внатрешни работи во Тетово, тетовскиот гарнизон при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“ од Сојузот на воени инвалиди и делегација на општинскиот...

„Тетовско културно лето“ ги подели македонските и албанските советници

Советниците од македонскиот и од албанскиот политички блок на партии, на денешната 26. седница на Советот на Општина Тетово, се поделија околу манифестацијата „Тетовско културно лето“. Советниците Македонци обвинија дека манифестацијата е еднојазична. - Летоците и постерите, преку кои се информираат граѓаните за оваа културна манифестација се напишани само на албански јазик. Многу малку има предвидено пари за македонски уметници....

Во пожар во тетовско Жеровјане изгоре фарма

Во пожар изгоре фарма на површина од 600 квадратни метри во село Жеровјане, Општина Боговиње. Пламените јазици избувнале попладнево, кога во објектот немало никого. Тетовската противпожарна единица, на местото пристигнала за половина час и целосно го локализирала пожарот за два часа. - Поради топлото време и ризикот од големи пожари, ние на терен тргнавме со пет противпожарни возила и со десетина пожарникари....

Трето издание на манифестацијата „Лето на тетовската култура“

На 20 јули, в понеделник, почнува третото издание на фестивалот „Лето на тетовската култура“ под покровителство на Општина Тетово. Манифестацијата опфаќа различни културни настани, кои ќе се одвиваат на повеќе локации во Тетово, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, на градскиот плоштад и во просториите на Државниот универзитет - Тетово. Петнаесет дена тетовци ќе имаат можност да уживаат во...

Дезинсекција во општина Јегуновце

Утринава почна дезинсекција во општина Јегуновце, која ќе продолжи во вечерните часови и во текот на утрешниот ден. Дезисекцијата како општа мерка за спречување на појава на заразни болести, ќе се спроведе од земја со апарат УЛВ за ладно запрашување, поставен на возило со приколка, со претходница од друго возило со ротациско светло. Ќе бидат опфатени населените места, депониите и зелените...

Тетовци ќе пијат вода од новиот водовод од наредната година

До крајот на годинава целосно ќе биде изграден новиот водоснабдителен систем за град Тетово, уверува министерот за животна средина, Нурхан Изаири. Тој заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, во близна на месноста Лешница на Шар Планина, ги следеа градежните зафати околу поставувањето на цевководите за новиот вододов. - Според предвидениот план, завршени со 50 проценти од градежните активности, ако...

Дваесетта генерација студенти на Државниот универзитет во Тетово

Апсолвентска свеченост по повод 20 генерација студенти на Државниот универзитет во Тетово, се одржа денеска во дворот на оваа високообразовна институција. Кон присутните, пригодни обраќања имаа претставници од Министерството за образование и наука, од ректоратот, како и студенти. Од сите 11 факултети што функционираат во состав на универзитетот, евидентирани се околу 1.500 апсолвенти, додека на свеченоста присутни беа близу 900. Церемонијата...

Дератизација во Тетово по поминати две децении

По повеќе од две децении, почна да се спроведува дератизација на канализацискиот систем во Тетово. Целта е да се намали бројката на глодарите што предизвикуваат заразни болести. Дератизацијата на канализациските мрежи превентивно ќе ја спречи појавата на глодари на јавните површини и во објекти во градот, велат од Центарот за јавно здравје Тетово, кои ја спроведуваат дератизацијата, по претходно склучен...