Општинската организација на Црвен крст Тетово, деновиве реализираше дистрибуција на донирана хуманитарна помош за оштетените семејства од подрачјата зафатени со невремето.
За Голема и Мала Речица донирани се по 1.512 литри вода за пиење. За Шипковица донирана се 72 литри вода за пиење, пакети со храна, пакети со средства за хигиена и за дезинфекција, душеци, ќебиња, како и пакети со половен текстил.
Помош во храна и средства за хигиена и дезинфекција донирале и правни лица, меѓу нив една од банките во државата, како и еден маркет кој донирал 24.192 литри вода.
Црвениот крст на Македонија и Опшинската организација на Црвениот крст Тетово, продолжува да ја координира и обезбедува хуманитарна помош која е неопходна за оштетените семејства, согласно доделената улога од страна на Координативното тело на Владата, за справување со елементарна непогода во Тетово и околината.
Поради интересот за донација, Црвен крст акцијата ја продолжува до 31- август. Помошта во средства за хигиена, средства за дизенфекција и храна заинтересираните можат да ја предадат во Магацинот на Црвен крст во Тетово.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани може да се вклучат во акцијата со обезбедување на парична помош, преку уплати на Сметката на фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 40330984271620 со назнака Комерцијална банка, како и со донирање на 100 денари со повик на телефоните 075/070/ 077 – 143-400.