fbpx

Поплавите во Тетовско ги загадија водоснабдувачките системи на Шар Планина

-

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа бактериолошка неисправност на селските водоводи на шарпланинскиот масив. Чиста вода за пиење освен во Непроштено и во Лешок, немаат ниту населените места во подножјето на Шар Планина.

Поради ваквата состојба, Министерството за здравство советува да се користи пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење заби, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење садови. Водата која ќе се користи да се преврива најмалку 10 минути. Не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите.

Извршена е дезинфекција на површина од околу 25.000 квадратни метри, континуирано се делат таблети за дезинфекција на водоснабдувачките системи, велат од Министерството за здравство.

Од Црвениот крст Тетово изјавија дека секојдневно ја делат донираната вода и храна во поплавените подрачја.

– Освен вода и храна, на жителите од поплавените подрачја им требаат и средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, но и облека и ќебиња. Затоа, апелирам до сите правни и физички лица, доколку се во можност, да ги донираат ваквите работи во магацинот на Црвениот крст Тетово, секој ден од 10 до 18 часот – изјави Ќатип Бесими, претседател на Црвен крст Тетово.

Регионалниот пат Тетово – Јажинце, кој по големото невреме целосно беше затрупан кај селото Порој, е прооден за сообраќај. На овој патен правец може да се забележат кратки застои, поради расчистување на коритото на Поројска Река која поминува под патот.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...