fbpx

Во пожар во тетовско Жеровјане изгоре фарма

-

Во пожар изгоре фарма на површина од 600 квадратни метри во село Жеровјане, Општина Боговиње. Пламените јазици избувнале попладнево, кога во објектот немало никого. Тетовската противпожарна единица, на местото пристигнала за половина час и целосно го локализирала пожарот за два часа.

– Поради топлото време и ризикот од големи пожари, ние на терен тргнавме со пет противпожарни возила и со десетина пожарникари. Спречивме да не се прошират пламените јазици и на другите соседни објекти. Причинета е само материјална штета, речиси е целосно изгорена фармата, а во моментот на избувнувањето на пожарот, во објектот имало големо количество сточна храна, која е веќе уништена – изјави Ука Алити, командир на Тетовската противпожарна единица.

Фармата е во сопственост на земјоделската задруга АД „Вардар Брвеница“. Оттаму се сомневаат дека пожарот е подметнат од локалната власт на Општина Боговиње.

– Зад пожарот стои градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, заедно со локалната власт. Причината е етничка. Во земјоделската задруга има вработено повеќе Македонци и поради тоа сака на насилен начин со притисоци да се откажеме од имотот и да заминеме од село Жеровјане – изјави Драгче Кузмановски, раководител на „Вардар Брвеница“.

Увидот на полицијата треба да ги даде точните причини за избувнувањето на пожарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...