fbpx

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

-

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово.

Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба.

Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а возачот бил приведен и, како што велат од полицијата, по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...