fbpx

Водата во тетовско Џепчиште е исправна за пиење

-

Водата за пиење во тетовското населеното место Џепчиште, кое беше зафатено со поплавите, е исправна за пиење, соопшти Министерството за здравство.

„По извршеното чистење и дезинфекција на резервоарот, добиени се резултати дека водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање“, стои во соопштението од Министерството.

Од министерството потсетуваат на препораките за заштита на здравјето, кои се однесуваат на користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...