fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот. - Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот -...

Се обиделе да киднапираат девојка

Дваесет и осум годишен гостиварец синоќа, околу 23.40 часот, пријавил дека С. Д. од тетовското село Жеровјане ја киднапирал 23-годишната А.А. Насилникот, заедно со друг маж кој возел патничко моторно возило, под закана дека наводно има пиштол, ја извлекол девојката од возилото „опел астра“ во кое таа била со гостиварецет. С.Д. влегол во возилото, ја удрил жената по лице, заканувајќи ѝ...

ТВ „Шења“: Дури 259 гласачи сместени на паркиралиште во Тетово

Дури 259 гласачи се сместени на една иста адреса, на паркиралиште во Тетово, објави телевизија „Шења“. Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар, број 0. Екипата на ТВ „Шења“ ја посетила оваа адреса за да види за каков гигантски објект станува збор,...

Државниот инспекторат за животна средина одлучи да го затвори „Југохром“

Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на комбинатот „Југохром“ поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече вчера. Оваа одлука ја соопшти министерот за животна средина, Башким Амети, кој претпладнево се сретна со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - Денеска ја информирав Арифи дека инспекторатот донесе одлука за затворање на „Југохром“. Ова решение...

#Одговорност е да не се дозволи труењето на граѓаните

Канцерогените честички ПМ10 во воздухот во Тетово и понатаму се присутни во големи количества. Од 2009 година, Тетово и околните села дишат загаден воздух, во кој нивото на ПМ-честичките неколкупати ја надминува дозволената граница. Само во 2015 година, во Тетово воздухот беше загаден дури 260 дена. За загадениот воздух во Тетово, граѓаните, меѓу другите, ја обвинуваат и фабриката „Југохром“ и...

Дивата депонија ги труе тетовци

Проблемот со дивата депонија во Тетово се усложнува наместо да се реши. Еколошкиот срам, како што ја нарекуваат тетовци депонијата лоцирана на влезот од градот, се шири кон железничката пруга. Граѓаните што живеат во непосредна близина, велат дека ситуацијата е алармантна. „Често се разболуваме од штетните материи што оваа депонија ги испушта во воздухот. Тука местото е фреквентно, а поминуваат и деца...

Осквернет Споменикот на револуцијата во Тетово

Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово деновите беше осквернет со графити, а на него е испишано името на навивачката група „Балисти“ на фудбалскиот клуб „Шкендија“. Денеска со осуда за ваквиот чин, излегоа од Сојузот на борци Тетово. - Овој споменик често се сквернави. Мислиме дека ваквите дејства имаат задна намера, затоа што се случуваат секогаш по празнувањето на празникот...

Експлозивна направа оштети куќа во Мала Речица

Непозната експлозивна направа синоќа била поставена и активирана во куќа на улицата 146 во тетовска Мала Речица, сопственост на 66-годишен жител од ова село. При експлозијата, која се случила околу 23 часот и 50 минути, причинета е само материјална штета. Повредени нема бидејќи во куќата немало никого, семејството било на привремена работа во Италија. - Непознатите сторители насилно ја отвориле металната...

Изгоре котларницата на општинската зграда во Тетово

Во пожар кој избувна околу 10 часот утрово, целосно изгоре котларницата во сопственост на Општина Тетово. Од тетовската територијална противпожарна единица, пожарот го локализираа за еден час. - Интервениравме со девет пожарникари и со четири противпожарни возила. Со нашата навремена интервенција, успеавме целосно да го локализираме пожарот, кој можеше да се прошири и на соседните објекти и на резервоарите на нафта со...

Теута Арифи ќе побара Владата зимава да го затвори „Југохром“

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци. - Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така...

Бистите на народните херои и по 10 години не се вратени во центарот на Тетово

И годинава 11 Октомври во Тетово се одбележа без спомен-бистите на народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче, кои пред десет години, поради реконструкција на градскиот плоштад, беа отстранети. Од Сојузот на борци, кои го организираа чествувањето на празникот пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, велат дека од градските власти добиле негативен одговор во врска со враќањето на...

Центарот на Тетово блокиран од паркирани возила

Жители од центарот на Тетово реагираа поради хаосот со паркирањето во нивните населби. Според нив, поради недостиг од слободни места за паркирање во рамки на зоната А, голем број возила се паркираат покрај нивните домови. - Автомобилите нема каде да се паркираат и на крај луѓето ги оставаат пред нашите домови, на тротоари и на улици. Поради ваквиот начин на паркирање тука се...

По две децении изграден цевководот во Тетово, но водата сè уште не може да се користи

По две децении, конечно е изграден цевководот од новиот водоснабдителен систем во Тетово. Но, сè до изградбата на филтер-станицата, која според Општина Тетово треба да биде завршена до крајот на годинава, водата од новиот водовод тетовци не ќе можат да ја користат. Попладнево на Шар Планина во месноста Лешница, на симболичен начин беше означено завршувањето на градежните работи на цевководот, каде...

Решение нема, тетовските гимназијалци и понатаму ќе држат настава на плоштадот

Општина Тетово на денешниот состанок со родителите и со професорите на гимназијалците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, по којзнае кој пат го одби нивното барање децата да учат во централниот објект на училиштетото. - Вашето барање е противзаконско. Барате да се учи со скратени часови во објектот на гимназијата, но за овој предлог побаравме да даде мислење Министерството за образование,...

Протест пред Општина Тетово поради транспортот на тетовските средношколци

Тетовските гимназијалци од руралните општини протестираа пред зградата на Општина Тетово, револтирани што властите и по три недели не им обезбедува бесплатен превоз од нивните домови до училиштетото. Велат дека мораат сами да го плаќаат превозот, а некои ученици со финансиски тешкотии сè уште не тргнале на училиште. - Јас сум од Челопек. Плаќам до Тетово 40 денари и назад уште 40...

43-годишен тетовец живее во дом кој во секој момент може да се урне

Куќата на 43-годишниот Бране Глигориевски од тетовската населба Певчина, во секој миг може да се урне. Неговиот дом е стар еден век, а врнежите изминатиот период ја нарушија стабилноста на куќата. Дел од покривот и надворешните ѕидови на објекот се паднати, па тој стравува за својата безбедност. - Страшно е да се живее тука, кога врне и дува ветер цела...

Во Тетово се создаде дива депонија со органски отпад која никој не ја чисти

Месо, коски, рогови и други остатоци од разни животни скапуваат кај стариот градски стадион во Тетово на локацијата каде за време на празникот Курбан Бајрам, се продаваа и колеа животни. Од ова место кое е на само неколку метри од приватни домови, а на стотина метри од центарот на градот се шири непријатна миризба. - Ова е неподносливо, смрди па и...

Ученици не одат на настава во две средни училишта во Тетово

Проблемите во образованието во Тетово продолжуваат. Освен гимназијалците Македонци, на училиште не одат и учениците од Средното економско училиште „8 Септември“, а наставата не почна ниту за дел од средношколците од руралните места од Тетовско, за кои Општината сè уште нема организирано бесплатен превоз. Еден од превозниците вели дека иако е почеток на учебната година, Општина Тетово нема склучно договор за...

Тетовските гимназијалци на 1 септември на протестен марш

Првиот ден од новата учебна година учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе го почнат со протестен марш. На протестот кој го организираат учениците заедно со нивните родители и професори, ќе упатат повеќе барања за надминување на просторниот проблем со кој се соочуваат повеќе од една деценија. Ако не се прифатат барањата, учениците најавуваат бојкот на наставата. „Бараме од надлежните...

Сè уште не е решен просторниот проблем за учениците од тетовската гимназија

Стари проблеми на почетотокот од новата учебна година за учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што следат настава на македонски јазик. Тие на 1 септември ќе треба да ја почнат наставата во две оделни згради, во услови под секое ниво за воспитно-образовен процес. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово. - Во објектите во...