Тетовските гимназијалци на 1 септември на протестен марш

-

Првиот ден од новата учебна година учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе го почнат со протестен марш. На протестот кој го организираат учениците заедно со нивните родители и професори, ќе упатат повеќе барања за надминување на просторниот проблем со кој се соочуваат повеќе од една деценија. Ако не се прифатат барањата, учениците најавуваат бојкот на наставата.

„Бараме од надлежните писмена изјава со временска рамка за изградба на ветениот објект за учениците Македонци во рамките на постоечкиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Привремено решение со нормални услови за одвивање на наставата во тетовската гимназија, но никако како алтернатива не ги прифаќаме просториите на Работничкиот универзитет. Ако на овие барања не наидеме на позитивен одговор, најавуваме целосен бојкот на наставата“, стои во заедничкото писмо на родителите и на професорите на учениците.

Ученците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово кои следат настава на македонски јазик, од декември 2014 година учат во несоодветни услови, во објектите на Работничкиот универзитет и на Основното училиште „Гоце Делчев“. Во овие згради нема кабинет по информатика, нема доволно простор, а инвентарот и тоалетите се во лоша состојба. Учениците учат во овие објекти откако 14 години учеа во познатите стари медицински бараки, каде немаше никакви услови за водење настава, а честопати се случуваа и меѓуетнички инциденти.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...