Полицајка избодена во Тулуз

-

Полицајка е сериозно повредена откако маж ја нападнал во полициска станица во францускиот град Тулуз, јавуваат француските медиуми.

Напаѓачот, наводно, се обидел да ѝ го грабне оружјето на полицајката, а откако не успеал, извадил нож и ја прободел во грлото.

Полицајката е хоспитализирана со повеќе повреди, но засега не се откриваат повеќе детали
„Ла депеш ди Миди“ објави видеоснимка од местото на нападот, наведувајќи дека 31-годишниот напаѓач, кој е азилант со нарушено психичко здравје, ја нападнал полицајката затоа што таа ја претставувала Франција.

Напаѓачот, наводно, влегол во полициската станица за да поднесе жалба, по што бил уапсен.

Во Франција е прогласена вонредна состојба по серијата терористички напади кои почнаа во јануари 2015 година. Најголемата трагедија се случи во ноември минатата година, кога беа убиени 130 лица во Париз. По тој напад, Франција воведе вонредна состојба, која сè уште е на сила.

На 14 јули годинава во Ница беа убиени 84 лица, откако припадник на Исламска држава со камион влета во толпата што присуствуваше на прославата Денот на Бастиља.

(АНАЛИЗА) Големи амбиции „спакувани“ во Национална стратегија – вработувања на странци, раст од 4 отсто и праведни даноци

Задолжителна пракса во средното и високото образование. Легализација на вработувања на имигранти. Преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста, пишува Порталб.мк. Економски раст од 4%,...