fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Арифи: Зачестените контроли во Општина Тетово се политички мотивирани

Контролите кои државните институции ги вршат врз органите на локалната самоуправа се политички мотивирани во пресрет на формирање на новата влада, рече градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, откако изминативе неколку недели повеќе институции под државна капа, ја проверуваа работата на општинската власт. Арифи додаваа дека ваквите контроли не се вршат во интерес на народот и градот. - Јас не верувам...

ДУИ и Алијансата не го открија ставот за предлозите на СДСМ

Средбата на потпретседателите ДУИ и на Алијанса за Албанците заврши, но ниту еден од претставниците на двете политички партии не соопшти детали од двочасовните разговори. Тие не открија какви предлози содржи документот испратен од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ниту пак дали е прифатлив за нив. И од ДУИ и од Алијансата кратко информираа дека „разговарале за заедничката платформа“. – Денешната...

Со месеци раскопана една од најпрометните улици во Тетово

И по речиси три месеци, улицата Иво Лола Рибар во Тетово, која води кон граничниот премин кон Косово, не е санирана. Под оваа улицата, градските власти поставуваа атмосферска канализација, но овој коловоз сè уште е раскопан поради градежните работи што се изведуваа за реализација на овој проект. Возачите се жалат. Велат дека досега неколкупати ги носеле своите возила на поправка, кои се...

Тетовци дишат екстремно загаден воздух, градските власти ништо не преземаат

Концентрацијата на ПМ10-честичките во воздухот изминатото деноноќие во Тетово, трипати достигна 500 микрограми на еден кубен метар, одноно воздухот во Тетово трипати во 24 часа беше за 10 пати позагаден од дозволеното. Критичната аерозагаденост беше регистрирана во 20, 23 и во 24 часот, период кога Тетово беше најзагаден град во Македонија. Мирис на изгорено и зачаденост во воздухот почувствуваа и самите...

Снегот, мразот и поларната температура ги уништија тетовските улици

Големи дупки и вдлабнатини се појавија по тетовските улици откако деновиве се истопија снегот и мразот, кои на некои коловози воопшто не беа отстранети. Граѓаните велат дека дупките се појавуваат секоја година отприлика на истите улици и места. Бараат што поскоро да се санираат. - Ги испокршивме автомобилите по мразот и снегот, сега и дупки со појавија. Овие дупки како...

Песок и тиња протекува од чешмите во дел од Тетово

Од чешмите на жителите што живеат покрај улицата Иво Лола Рибар во Тетово, протекува песок и тиња. Семејствата што ги посетивме велат дека оваа појава, која трае веќе една деценија, е позачестена последниве десетина дена. - Од сите чешми протекува песок и тиња. Од тој песок ни се затнуваат цревата на машините за перење и редовно се расипуваат. Сме се обраќале до Јавното...

Во пожар во тетовско Џепчиште целосно изгоре куќа

Во пожар изгоре куќа во тетовското село Џепчиште. Пламените јазици избувнале ноќеска, неколку минути по полноќ. Тетовската противпожарна единица за два часа го локализирала пожарот. Интевенирале со четири противпожарни возила, но гасењето било отежнато поради честото замрзнување на водата. Претходната ноќ во голем пожар во тетовското шарпланинското село Бозовце изгореа три плевни, добиток и 14 тони сточна храна. Од пламените...

Во Бозовце, пожар пеплоса три плевни, дел од куќа и шест грла добиток

Ноќева околу 3 часот, пожар целосно пеплоса три плевни и дел од куќа во шарпланинското село Бозовце. Во пламените јазици изгореле и три крави и три коњи, кои се чувале во една од плевните. Противпожарната единица Тетово цели четири часа се борела целосно да го локализира пожарот, за да не се прошири на другите објекти. - Откако ни јавија за пожарот,...

Општина Тетово: Снегот се расчистува според приоритет, прво улиците, па тротоарите

Од кризниот штаб на Општина Тетово велат дека постојано се работи на расчистување на улиците од снегот. Според нив, сите коловози се проодни и механизација постојано работи на терен и ја контролира состојбата. - Наши екипи постојано се на терен и реагираат веднаш на расчистување на патиштата од снегот, кој периодично, поради силниот ветер, понекогаш може да се спушти на некој...

Бадникарски маскенбал во Тетово

Традиционално и годинава бадникарскиот маскенбал во Тетово го започнаа децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна Бдња баба. Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари. Подоцна повозрасните со духовити и инвентивни маски до доцните вечерни часови се забавуваа во тетовските кафулиња. На маскенбалот преовладуваа маски од филмски, претежно негативни ликови, кловнови...

Надлежните делумно го чистат снегот од патиштата и од улиците во Тетово и во околината

Патните правци кон некои шарпланински села не се доволно исчистени, а во Тетово од снег се чистат само главните улици, велат граѓани од Полошкиот Регион. - Патот што води кон нашето село, Селце на Шар Планина, не се чисти. Треба локалните власти повеќе да се ангажираат и да ги чистат патиштата од снегот. Некои возила не можат да се движат по...

Арифи даде отчет за сработеното, но ги заборави најгорливите проблеми во градот

Успешна година со многу реализирани проекти. Вака градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција ја оцени 2016 година. Според неа, општинската власт решила голем број проблеми во градот, вклучувајќи реконструкција на училишта, асфалтирање на улици, нови контејнери, засадување на дрвја. Таа се пофали дека за време на нејзиниот мандат е изградена последната траса од цевководот на новиот тетовски водовод. -...

Денеска се прегласува во Теарце, избирачкото место отворено навреме

Утрово во 7 часот беше отворено гласачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце, каде се прегласува откако Управен суд одлучи да го поништи гласањето во ова тетовско село. Изборниот молк кој почна во петокот на полноќ, ќе трае до затворање на избирачкото место во 19 часот. На терен се присутни и претставници на граѓанската асоцијација „Мост“ и...

Во Тетово масовно се градат дивоградби, а Општината сè уште не реагира на терен

Локалната власт сè уште не презема никакви мерки да ја спречи изградбата на бесправните објекти. И покрај тоа што Општина Тетово пред повеќе од четири месеци има избрано фирма за уривање на дивоградбите, состојбата на терен е хаотична. Решенијата за уривање на дивоградбите донесени од тетовскиот инспекторат не се спроведуваат, а од друга страна, постојано никнуваат нови бесправни објекти. Од...

Кражби во Тетово, украдени накит и пари

Разновиден златен накит, нараквици, прстени и друго, украдени се вчера во куќа на 63-годишен жител од тетовско Жеровјане. Засега непознати сторители ја скршиле бравата, влегле во куќата, целосно ги пребарале сите простории и од регал во една од спалните на вториот кат од куќата, поточно од украсно куферче, освен златен накит, одзеле женски часовник, бижутерија, 200 швајцарски франци. Со...

Коалицијата ВМРО за Македонија во Тетово понуди решенија за проблемите на граѓаните

Коалицијата ВМРО за Македонија попладнево го посети Тетово каде лидерите на трите партии што ја сочинуваат коалицијата, ВМРО - Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија, им ветија на граѓаните почиста животна средина и поголема децентрализација доколку дојдат на власт. - Тука, во Тетовско, е најдобро да ја повториме нашата идеја за поголема децентрализација, односно секое село да стане општина. Во...

Во Тирана формирана Унија на албански општини во регионот, Тетово дел од унијата

Градоначалниците на Тирана, Тетово, Приштина, Прешево и на Улцињ вчера во албанскиот главен град формираа Унија на албански општини во регионот. Како што јавува албанската телевизија „Топ ченел“ од Тирана, првпат е формирана унија на главни општини во регионот со кои раководат Албанци, а асоцијацијата има цел да изгради механизми потребни за меѓусебна соработка. Градоначалниците на пет градови од Албанија, Македонија,...

Тетовци пријавиле уцени на социјалните мрежи

Дваесет и шестгодишен тетовец во тетовската полиција пријавил дека бил уценуван од непознато лице со кое комуницирал преку една од социјалните мрежи, при што разговарале на англиски јазик и користеле камери. Непознатото, наводно женско лице, откако целосно се соблекло пред камера, побарало и од него да се соблече пред неговата камера, а набргу потоа му рекло дека видеоснимката од него ќе...

Тетовски населби две недели се соочуваат со рестрикции во водоснабдувањето

Поради изградба на атмосферска канализација на улицата Иво Лола Рибар во Тетово, повеќе тетовски населби се соочуваат со целодневни рестрикции. Велат дека се навикнати на вакви прекини во водоснабдувањето и дека резервите со вода постојано ги имаат во нивниот дом. - Веќе две недели има рестрикции во водоснабдувањето. Но ние веќе сме навикнати, па имаме шишиња и буриња со вода....

Основци од Тетово протестираа поради тоа што им прокиснува покривот во училиштето

Учениците од Основното училиште „Лирија“ во Тетово, претпладнево протестираа пред општинската зграда, поради тоа што немаат услови за учење, а во нивните училници веќе втор ден прокиснува покривот. - По секој пороен дожд прокиснува покривот, дождовната вода ја пречекуваме во садови. Мора конечно да се реши овој проблем, да се реконструира покривот и да имаме достојни услови за следење настава...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...