ДУИ и Алијансата не го открија ставот за предлозите на СДСМ

-

Средбата на потпретседателите ДУИ и на Алијанса за Албанците заврши, но ниту еден од претставниците на двете политички партии не соопшти детали од двочасовните разговори. Тие не открија какви предлози содржи документот испратен од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ниту пак дали е прифатлив за нив.

И од ДУИ и од Алијансата кратко информираа дека „разговарале за заедничката платформа“.

– Денешната средба е средба на работните групи на нашите партии во духот на платформата за соработка на политичките партии на Албанците. Отворено разговаравме за тие точки за кои сметаме дека се многу битни и кои ја приближуваат Македонија кон НАТО И ЕУ – рече Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ.

Со сличен став излезе и Арбен Таравари, кој додаде дека особено е важно да се имплементираат сите точки од заедничката платформа.

– Ги разгледавме сите точки на платформата на албанските партии. За нас како Алијанса за Албанците многу е важно да се реализираат сите точки на платформата без разлика кој ќе биде во таа комбинација на идната влада. За следните чекори ќе одговорат нашите лидери. Се надевам наскоро – рече секретарот на Движењето за реформи на ДПА, Таравари.

Алијанса за Албанците денеска најави лидерска средба на претседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците, но ниту Али Ахмети, ниту Зијадин Села дојдоа. Наместо Ахмети, на средбата учествуваа потпретседателите на ДУИ Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, додека од Алијанса за Албанците беа Арбен Таравари, Агрон Ферати, Арта Точи и Флакрон Беџети. Ниту една од партиите не соопшти која е причината за промената на форматот на средбата.

Денеска во пресрет на средбата, од БЕСА соопштија дека досега немаат добиено покана за средба ниту од ДУИ, ниту од СДСМ. Тие рекоа дека се уште одобиваат да седнат на иста маса со ДУИ и оти веќе му ги понудиле потписите на СДСМ.

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку...

Салмонела пронајдена во мострите од храна од која се затруле 38 лица во Прилеп

Во текот на месец јуни, до Институтот за јавно здравје е пристигната пријава за епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis, пишува во новиот месечен билтен за заразни заболувања кој...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе...